Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 18.08.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,065%, кај дизелот зголемување во просек за 2,069%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 1,971% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,557.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50
ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), сезголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,128 ден/кг.
Oва се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 93,50 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 90,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 51,686 (денари/килограм)