Европската валута еврото е на најниско ниво во последните пет недели во однос на доларот.
Еврото утринава во азиското тргување се намали на само 1,0026 долари, првпат од 15 јули, а потоа се искачи на 1,0040 долари, пренесува Ројтерс.
Во однос на јапонската валута, која е исклучително чувствителна на движењето на приносите на американските државни обврзници, доларот зајакна на дури 137,44 јени. Тоа е највисоко ниво од 27 јули.
Британската фунта се тргуваше за 1,18325 долари, а најниското ниво во последните пет недели беше на 1,17925 долари.
Еврото е под притисок откако Русија објави дека на крајот на овој месец ќе ја намали испораката на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1 на три дена поради работи за одржување. Војната во Украина и енеергетската криза доведоа до промена на валутите.
foto freepik.com/jcalvera