Промовирани огласи »

СВР Битола во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија СВР Битола изречени се 59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за возење под дејство на алкохол од кои кај еден возач на подрачје на с.Перово, ресенско, биле измерени 4,07 промили алкохол.

Изречени се 10 мерки за непрописно паркирање, една мерка за некористење на сигурносен појас.
Засилените акциски контроли продолжуваат.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР. 

Промовирани огласи »

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 24 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. На нашите полици секојдневно може да се најде широка лепеза на повеќе од 20.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производите од нашиот бренд EXTRA, како и голем број на странски увозни брендови на производи и деликатеси, достапни единствено во нашите маркети.

Во моментов има отворени работни позиции за:

ВОЗАЧ СО Б КАТЕГОРИЈА ЗА РЕОН СКОПЈЕ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ
РАБОТНИК НА ОДДЕЛ ЗА СУВОМЕСНИ ПРОИЗВОДИ
ПРОДАВАЧ/КА
ПЕРСОНАЛ ВО TO GO КАФЕТЕРИИ

Останатите огласи од ТИНЕКС може да ги видите ТУКА!

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31% во однос на одлуката од 22.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,719%, кај дизелот зголемување во просек за 3,631%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,658% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,553%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит.

Од 25.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 96,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 51,686 (денари/килограм) 

Промовирани огласи »

Перцепцијата за што се подразбира под баланс не е иста кај секој човек, за некого потребно би било денот да трае повеќе од 24 часа за да може да ги избалансира работните обврски со личниот живот, а за други пак перцепцијата е тотално различна. 
Се разбира, работата е она кое ни помага да си ги платиме сметките, да имаме доволно средства не само за да го преживееме месецот туку и да си ги обезбедиме оние работи кои не прават среќни. 

Па затоа, потребно е сами да дефинирате што ве прави среќни, дали тоа е исклучиво материјалното или пак, најблиските - семејството и пријателите?

Неколку совети за постигнување на баланс:

  • Поделете го вашето вкупно време на време за работа и време за самите вас и вашето семејство.
  • Креирајте листа на врвни приоритети.
  • Не се замарајте со активности однизок приоритет.
  • Користете тајмер и аларм кој ќе ве потсети да запрете со работата за денес.
  • Користете ист планре на работни и неработни активности. Нека левата страна биде за работни активности, а десната страна за неработни активности.
  • Направете распоред за следната недела. Можете да ги одговорите 10-те прашања кои треба да се прашате себеси пред започнување на следната недела.
  • Делегирајте се што може да биде завршено од страна на другите.
  • Ветувајте го само она што можете да го испорачате и за семејството.
  • Јасно дефинирајте што се очекува од вас за вашата компанија и вашето семејство.
  • Започнете да го слушате вашето тело тоа најдобро знае што можете а што не.

Менаџирање на балансот на работата и животот е нешто што може да го елиминира стресот и да го подобри севкупниот живот. Ова значи дека вие ќе мора да го менаџирате вашето време, да ги планирате вашите активности, да ги разберете приоритетите и да знаете што ве задоволува.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »