Промовирани огласи »

Дополнителното намалување на ДДВ-то не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, бидејќи таа на слободниот пазар е над 1.000 евра, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во однос на барањата на бизнис секторот за ублажување на ударот од високите цени на струјата за компаниите.

Во однос на намалувањето на ДДВ-то, тоа е веќе намалено за електричната енергија. Ако треба ќе се намалува повторно, но тоа не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, кога знаеме дека таа е над 1000 евра поставена на слободниот пазар. Што се однесува до маржите на трговците со електрична енергија, прво треба да се направи анализа и тоа од страна на Регулаторната комисија, да видиме колку се големи тие маржи и дали воопшто има маржи на овие цени на електричната енергија, изјави денеска Ковачевски по пуштањето во употреба на системот за наводнување „Славишко поле“ во Општина Ранковце.

Тој нагласи дека ова прашање веќе е разгледувано на Економскиот совет и штом ќе ги имаат пресметките, Владата ќе интервенира во тој дел.

Премиерот посочи дека клучно во следниот период е да се направат заштеди на електричната енергија секаде каде што е можно.

Се наоѓаме во период кога цените на електричната енергија се највисоки и се повисоки од која било економска логика, зборувам за целиот европски континент, а она што го имаат како задача сите ресори во Владата и компаниите кои што се во државна сопственост, тоа ќе мора да го испорачаат со цел да имаме непречено снабдување со електрична енергија, додаде премиерот Ковачевски.

Промовирани огласи »

До крајот на годината цената на гасот во Европа може да се искачи на 5.000 евра за илјада метри кубни. Таква прогноза денеска објави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Во однос на поскапувањето на гасот на 3.500 евра за илјада кубни метри, треба да ја зголемам предвидената цена на 5.000 евра до крајот на 2022 година, напиша Медведев на Телеграм.

Медведев претходно објави дека во Европската унија „синото гориво“ до крајот на годината може да достигне цена од 4.000 евра за илјада кубни метри.

Цената на гасот во Европа вчера ја надминаа бројката од 3.500 долари за илјада кубни метри, првпат од 8 март. 

Промовирани огласи »

Според препораката на Владата од одржаната седница, банките преку филијалите и експозитурите треба да обезбедат готовинска исплата на августовската пензија за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

Од 30 август ќе почне исплатата на августовските пензии. Исплатата ќе се врши во четири групи до 2 септември.Пензиите до 11 илјади денари ќе се исплаќаат на 30 август, пензиите до 14 илјади денари на 31 август, пензиите до 18 илјади денари на 1 септември, а исплатата на пензиите над 18 илјади денари ќе се врши на 2 септември

Промовирани огласи »

Таму каде што во употребата се стандардот на ИСО класификациите, секаде за земјава се користат кратенките МК или МКД, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање за наводна употреба на кратенката НМК за земјава во Советот на Европа.

Пример ќе ви го кажам случајот во НАТО. Во НАТО секаде е МКД. Но, при сликањето при распоредување, правилото е да се користи правата буква на државата и таму стои НМК на местото каде што се сликаат министрите. Затоа што такво е правилото. Треба да се смени распоредот на седење. Меѓутоа во документите каде што во употреба е ИСО класификацијата, секогаш е МКД. Така е и во Советот на Европа, така е и во секоја организација – истакна Османи.

Според него, не смееме да отвораме прашања, кои што се затворени, бидејќи кодовите на земјава се МК и МКД.

Неформалните места на распоредување на столчиња, дали ќе биде по првата буква и дали ќе седите до Норвешка или до Монтенегро (Црна Гора), е прашање кое е неформално и не е уредено со никакви регулативи – додаде Османи.

Во однос на тврдењето дека на табла на влезот во Советот на Европа била наведена кратенката НМК, Османи истакна дека ќе биде проверена ваквата информација.

Официјалната кратенка е МКД и само таква може да биде и никаква друга – потенцира Османи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »