Промовирани огласи »

Министерот Крешник бектеши објави дека е даден предлог од Министерството за економија денеска до Владата да се утврди највисока маржа која ќе биде 10 отсто за трговците на електрична енергија. 

Ова е најголемата профитна маржа која трговците ќе може да ја вкалкулираат во цената за сите тие на слободниот пазар, рече Бектеши.

Во моментов на слободниот пазар има околу 1.500 компании, но и околу 500 институции од централната и локалната власт.

Трговците и лиценцираните снабдувачи не можат со новата одлука да применуваат поголеми маржи од 10 отсто. Ако денешната цена на берзата е 400 евра мегаватчас, трговците не може да применуваат повисока цена од 440 евра, наведе тој.

Ваквиот прелдог беше на барање на стопанските комори, одреден период, додека трае оваа криза маржата на трговците со електрична енергија да се ограничи.

Бектеши најави дека наредните денови претставници на власта непосредно ќе ја следат Европската Комсиија на состаноците за ограничување на цените на енергентите, а Македонија ќе побара тие мерки да важат и за нашата држава.

Промовирани огласи »

За ретроградноста на Меркур, односно неговото движење наназад, се зборувало уште во 18-от век. Се пишувале статии и се давале најразлични објаснувања. И додека има такви кои веруваат дека Меркур влијае врз луѓето, научниците сметаат дека толку мала и толку далечна планета не може да има толку силно влијание врз Земјата. Единствен феномен во сето ова е што планетата се движи обратно, од исток кон запад, но и за ова има објаснување. 

Меркур ретрограден значи зголемена деконцентрација, повнимателен начин на живот и претпазливост за спречување на потенцијалите на несреќа. Меркур е планета која управува со комуникацијата и интелектот, па затоа во овој период не треба да носите важни одлуки и да се изложувате на разговори кои можат да тргнат наопаку.

Ретроградниот Меркур трае вкупно три недели додека целосно ја опкружува планетата Земја. Оваа година треба да се биде особено внимателен бидејќи влијанието на Меркур може да се почувствува две недели пред и две недели по овој период. Овој феномен е познат како пред-ретроградна и пост-ретроградна сенка.

Иако не звучи конструктивно, ако сте во неволја или имате лоша комуникација со колегите и бибнис релациите, барем знаете дека можете да го обвините Меркур.

Промовирани огласи »

Автопатот што ќе се гради од Скопје до близина на граничниот премин Блаце ќе чини 186,7 милиони евра за изградба на делница од 10 километри. Ова е наведено во јавниот повик (тендерот) објавен од јавното претпријатие „Државни патишта“ на својата интернет страница.

Европската банка за обнова и развој обезбедува заем од 167,6 милиони евра под гаранции од државата, додека проектот ќе биде кофинансиран со 20,8 милиони евра инвестициски грант обезбеден од Европската Унија (ЕУ) преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

ЈПДП додава дека последните два километри до косовската граница веќе се финансирани од јавното претпријатие и таму градежните активности, како што велат од „Државни патишта“, се во тек.

Проектот ќе ја финансира изградбата на нова под-делница долга 10 километри на автопатот TEN-T Рута 6 што оди од Скопје (обиколница Стенковец) до клучка Блаце, блиску до границата со Република Косово, се вели во повикот.

Во законот за гаранција, кој веќе е изгласан во Собранието, е утврдена истата сума, а дополнително се наведува дека долгот ќе се отплаќа 16 години.  За двата коловоза на автопатот предвидени се вкупно 11 единечни тунели со вкупна должина од околу 4,8 километри, а предвидени се 9 мостови по коловоз во правец, во должина од 1,35 километри.

Проценет датум на почеток на проектот е 17 ноември годинава. Првата рата од заемот треба да се исплати во 2026. Автопатот би се градел 48 месеци.

Изградбата на првиот дел од автопатот Скопје-Блаце доцни речиси една година. Во јануари 2020 година, властите потпишаа договор со градежно претпријатие Гранит за започнување на првиот дел од работите, поточно за изградба на два, од вкупно 12 километри, но рокот не се почитува.

Промовирани огласи »

Следните неработни денови за македонските граѓани се во следниот месец - октомври. 

11 октомври (вторник), Ден на народното востание и 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) се неработни денови за сите граѓани/ 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во земјава неработен ден е  28 септември (среда) кога се одбележува Меѓународниот ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на еврејската заедница, неработен е 5 октомври (среда), кога се слави Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »