Мотивираноста и позитивното работно искуство на вработените, најчесто зависи од работната средина и тимот со кој вработените го поминуваат најголемиот дел од денот. Работна средина која им дава можност за лично и професиоанлно надоградување, континуирано учење и креативно изразување. Средина каде вработените ќе бидат вреднувани и слушнати. Како и уживање на останати бенефити за вработените преку кои може да се релаксираат и развиваат на професионален и личен план.
Една од компаниите која се грижи за креирање и одржување на позитивна рбаотна средина за своите вработените е интернационалната компнија за корисничка поддршка со свои канцеларии во Скопје, Мајорел.
Го споделуваме искуството на Милена Кочевска кој работи како Специјалист на корисничка поддршка.
Зошто се приклучи на Мајорел?
Кога станува збор за кариерен развој и напредок, сакам да споделам дека Мајорел е вистинското место за тоа. Зошто? – Затоа што Мајорел е средина исполнета со позитива која те повикува и поддржува да ја истакнеш својата желба за напредок и креативна идеја. Најголемата причина поради која се приклучив на тимот на Мајорел е затоа што сум сигурна и верувам дека ќе напредувам и имам можности за развој како вработен.
Какво е твоето досегашно работно искуство во Мајорел?
Моето искуство во Мајорел е одлично, можам да кажам дека очекувањата беа надминати. Да се биде дел од Мајорел е одлична можност за надоградување на моето претходно искустово, како и за кариерен напредок и развој. Тимот, колегите, позитивната работна средина, и одличната комуникација и меѓусебно разбирање сето тоа го прават возможно и лесно остварливо.
Што го прави работно искуство во Мајорел уникатно?
Пред се’, Мајорел е средина каде што зрачи од позитива, почнувајќи од колеги, па се до претпоставени кои даваат причина да си насмеан и задоволен. Според мене е многу важно еден човек да си ја сака работата што ја работи и тоа да споделува со тимот.
Уникатно место каде што кога сакаш да се искачуваш по скалите на кариерниот раст, Мајорел ти дава можност и поддршка да се покажеш колку можеш да бидеш успешен.
Која е твојата препорака за заинтересираните кандидати?
Сите ние сме способни да ги покажеме својата амбиција и вештини кога станува збор за успех.
Затоа ги охрабрувам сите кои се заинтересирани за понатамошен успех да аплицираат, затоа што Мајорел е единственотот место кое ќе дозволи да се чувствуваш вреднувано и позитивно и придонесува за индивидуален успех за секој вработен.
Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 78 000 вработени во 41 земја ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиент од туристичката индустрија.
Мајорел вработува без работно искуство, единствен услов е одлично познавање на германски и англиски јазик. Доколку сакате да станате дел од Мајорел, може да аплицирате на следниов линк.