Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека последните податоци од синдикалната минимална кошница покажуваат дека во август на едно четиричлено семејнство кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил само за овозможување на основните продукти за живот му биле потребни 41.295 денари, а кога истата ќе се зголеми за 16.8 отсто инфлација или 6.937 изнесува 48.234 денари.

Од ССМ информираат дека во пресметката не е ставен трошокот за еден ученик за набавка на потребните материјали за почетокот на учебната година, кои според пресметките на ССМ изнесуваат околу дополнителни 6.000 денари.

Според податоците, само за храна и пијалоци во која се вклучени 63 производи, кои не ги изразуваат целосните потреби за исхрана, туку ги изразуваат можностите, навиките и традицијата во исхраната, а вредноста на истите не се зема како просечна, туку како минимална вредност, биле потребни 18.324 денари или за 324 денари повеќе од минималната плата, пишува на фејсбук – профилот на ССМ. Домувањето има две подгрупи, велат од ССМ, комунални трошоци, со пет елементи, и покуќнина, опрема за куќа и одржување, што ќе се следи преку 13 добра и за овозможување на истото биле потребни 12.493 денари.

Според ССМ и хигиената има две подгрупи – личната хигиена со седум производи и хигиената на домот, исто со седум производи. Овие ставки се искажани по минимум количини по најниски цени и за истото биле потребни 2.808 денари.

За превозот се вклучени минимални изразени трошоци, односно два месечни билети за превоз, работнички и ученички или студентски и се потребни 3.600 денари. Во авуст, 2.197 денари биле потребни за облеката и обувките вклучуваат набавка на по едно парче облека и обувки за секој член на семејството по сезони, потенцираат од ССМ. Во пресметката за култура се вклучени трошоците на три производи, и тоа еднаш месечно одење во кино и редовно купување на еден неделен и еден дневен весник и биле потребни 1.067 денари. За одржување на здравјето со вклучени основни трошоци за лекарства (парацетамол, аналгин, кафетин и сл.), без лекарствата за хроничните болести биле потребни 786 денари.

Од друга страна, како што посочуваат од ССМ, трошоците за рекреација, образование, хотели и ресторани, семејни прослави, не се вклучени, не затоа што не се потребни, туку затоа што во кошницата се пресметуваат само неопходните трошоци, па доколку се пресметуваат и овие трошоци вредноста на истата би била многу повисока.

Ако овие податоци не се доволни за некој од креаторите на политиките веднаш да преземе мерки за помош и поддршка на работниците во овие моменти, гладни и сиромашни работници = социјалната револуција, потенцираат од Сојузот на синдикатите.

Промовирани огласи »

Добро познатиот Крошу ден, односно забавата која компанијата Кромберг & Шуберт ја организира за сите свои вработени на 8 септември, повторно се случи вчера под мотото „Посветени на Вас 10 години“.

Со оваа забава, компанијата ја прослави 10 годишнината од своето постоење во Битола, Македонија како и отворањето на новата фабрика во зоната „Илинден“ во близина на Скопје. Исто така, не беа изоставени и дел од колегите од фабриката во Крушевац, Србија.

„Поголеми на број, најголеми во срцето“ беше слоганот со кој оваа компанија ја претстави својата големина алудирајќи на константниот раст и развој како и проширувањето кое е во тек со новата фабрика.

Како и секој Крошу ден досега, сите вработени беа поканети и можеа да присуствуваат на забавата на која беше обезбедена скара, пиво и безалкохолни пијалоци во изобилство за комплетно уживање во неповторливата атмосфера. 

За забавата се погрижија група „Маестро“ кои и официјално го означија почетокот додека како ѕвезда на самиот настан се појави неповторливиот Исак Шабановиќ кој за кратко време успеа да препрасне во вистинска сензација и беше пречекан со громогласен аплауз.

Новитет кој досега не се има случено на било кој настан беше изработката на скулптурата Обелиск изработена од страна на уметникот Стефан Малбашиќ насловена како „Со љубов до височините“, а платната за сликање беа место каде секој од вработените можеше да ја искажи својата креативност и да остави печат со четка и боја.

Со своите 5300 вработени во фабриката во Битола, 400 моментални вработени во фабриката во Илинден и 2000те вработени во Крушевац Кромберг & Шуберт прераснува во една од најголемите компании не само во нашата држава туку и ги спојува вработените од Македонија и Србија.

Им честитаме на прекрасната организација и на годишнината на овој гигант во секој поглед и им посакуваме уште многу повеќе успеси.

Во прилог ГАЛЕРИЈА од настанот: 

Промовирани огласи »

Мотивираноста и позитивното работно искуство на вработените, најчесто зависи од работната средина и тимот со кој вработените го поминуваат најголемиот дел од денот. Работна средина која им дава можност за лично и професиоанлно надоградување, континуирано учење и креативно изразување. Средина каде вработените ќе бидат вреднувани и слушнати.  Како и уживање на останати бенефити за вработените преку кои може да се релаксираат и развиваат на професионален и личен план.

Една од компаниите која се грижи за креирање и одржување на позитивна рбаотна средина за своите вработените е интернационалната компнија за корисничка поддршка со свои канцеларии во Скопје, Мајорел.

Го споделуваме искуството на Милена Кочевска кој работи како Специјалист на корисничка поддршка. 

Зошто се приклучи на Мајорел?

Кога станува збор за кариерен развој и напредок, сакам да споделам дека Мајорел е вистинското место за тоа. Зошто? – Затоа што Мајорел е средина исполнета со позитива која те повикува и поддржува да ја истакнеш својата желба за напредок и креативна идеја. Најголемата причина поради која се приклучив на тимот на Мајорел е затоа што сум сигурна и верувам дека ќе напредувам и имам можности за развој како вработен.

Какво е твоето досегашно работно искуство во Мајорел?

Моето искуство во Мајорел е одлично, можам да кажам дека очекувањата беа надминати. Да се биде дел од Мајорел е одлична можност за надоградување на моето претходно искустово, како и за кариерен напредок и развој. Тимот, колегите, позитивната работна средина, и одличната комуникација и меѓусебно разбирање сето тоа го прават возможно и лесно остварливо.

Што го прави работно искуство во Мајорел уникатно?

Пред се’, Мајорел е средина каде што зрачи од позитива, почнувајќи од колеги, па се до претпоставени кои даваат причина да си насмеан и задоволен. Според мене е многу важно еден човек да си ја сака работата што ја работи и  тоа да споделува со тимот.

Уникатно место каде што кога сакаш да се искачуваш по скалите на кариерниот раст, Мајорел ти дава можност и поддршка да се покажеш колку можеш да бидеш успешен.

Која е твојата препорака за заинтересираните кандидати?

Сите ние сме способни да ги покажеме својата амбиција и вештини кога станува збор за успех.

Затоа ги охрабрувам сите кои се заинтересирани за понатамошен успех да аплицираат, затоа што Мајорел е единственотот место кое ќе дозволи да се чувствуваш вреднувано и позитивно и  придонесува за индивидуален успех за секој вработен.

Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 78 000 вработени во 41 земја ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиент од туристичката индустрија.

Мајорел вработува без работно искуство, единствен услов е одлично познавање на германски и англиски јазик. Доколку сакате да станате дел од Мајорел, може да аплицирате на следниов линк.

Промовирани огласи »

DOUBLE TREE HILTON во Скопје започнува со работа во 2019 година, ланецот DoubleTree by HILTON во сферата на угостителството е постојано на врвот од самиот старт, а со тоа потврдува и нивната награда во 2022 година од Tripadvisor Travelers Choice како меѓу топ 10% од хотелите во светот.

Во моментов вработуваат: 

ХОТЕЛСКИ НОСАЧ
РЕЦЕПЦИОНЕР/КА
КЕЛНЕР/КА И ПОМОШНИК КЕЛНЕР/КА NIGHT SHIFT
КЕЛНЕР/КА И ПОМОШНИК КЕЛНЕР/КА
СОБАР/КА
ХИГИЕНИЧАР/КА

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија

Во моментов вработуваат:

ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО
РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО КАВАДАРЦИ

ШЕЈН е ново отворена продавница за облека, кој претставува еден од светските брендови за облека во светот.

Во моментов вработуваат:

МЕНАЏЕРИ ВО ПРОДАВНИЦА
ПРОДАВАЧИ ВО ПРОДАВНИЦА ЗА ОБЛЕКА

ВОКС ТЕНЕО е присутен во пет земји: Белгија, Северна Македонија, Индонезија, Луксембург и Сингапур. Благодарение на локациите на нивните канцеларии, Vox Teneo може да работи деноноќно, нудејќи 24/7 поддршка за нашите клиенти и деловни партнери.

Во моментот вработуваат:

PROJECT MANAGER/SCRUM MASTER
FRONT-END DEVELOPER
MID PHP DEVELOPER

АВТ е водечки дистрибутер на стока за широка потрошувачка кој врши услуги на пазарите во Македонија, Хрватска, Србија, Бугарија и Словенија.

Во моментов вработуваат:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА
УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА ЗА РЕОН ТЕТОВО

KROMBERG & SCHUBERT се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Во моментов вработуваат на позицијата:

ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ

ИНФОСЕК ПАРТНЕРС основана во 2004 година, обезбедува широк спектар на услуги за сајбер безбедност, од тестирање на техничка ранливост па се до менаџирани безбедносни услуги

SENIOR NETWORK SECURITY ENGINEER

ЛЕОРОН вграден врз силното искуство во производствениот сектор, што основачите го развија во Шведска за време на глобалното проширување на 90-тите години, LEORON еволуираше во сеопфатен институт за обука, нудејќи решенија за обука и развој во сите стратешки корпоративни функции, вклучително и корпоративни финансии, човечки ресурси, SCM, операции и инженеринг.

Во моментов вработуваат:

DIGITAL LEARNING SPECIALIST
FINANCE SPECIALIST
INSTRUCTIONAL DESIGN SPECIALIST
INTERNATIONAL TRAINING CONSULTANT
INTERNATIONAL TRAINING CONSULTANT - ШТИП

А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Во моментов вработуваат:

SALES ADVISOR
VALUE ADDED SERVICES SPECIALIST
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАНИРАЊЕ И ДИЗАЈН НА МРЕЖА
RESIDENTIAL PROPOSITION MARKETING – PRODUCT MARKETING SPECIALIST
RESIDENTIAL CRVM MARKETING SPECIALIST

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »