Промовирани огласи »

Владината одлука за ограничување на маржите на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо, што истекува на 30-ти месецов, ќе биде продолжена до крајот на годината, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Веќе се прави анализа во Секторот за трговија во Министерството, за нивниот ефект и потребата од редизајнирање, додаде Бектеши.

-Веќе донесовме одлука како Влада да се ослободи увозот на сурово млеко од Турција и од други држави каде што има поголеми капацитети за увоз на сурово млеко што се преработува во нашата држава и после се продава како финален производ. Тие мерки коишто имаат рок до крајот на септември ќе бидат продолжени до крајот на годината од страна на Министерството за економија во делот на одредување на маржи. Веќе се прави анализа во Секторот за трговија какво влијание имале мерките и дали треба нивно редизајнирање. Ќе разговараме дополнително во текот на оваа и наредната недела со Стопанската комора за нивни дополнителни барања и можностите со кои ние располагаме во моментов и можеме да излеземе во пресрет, рече Бектеши.

Владата на 14 јуни донесе Одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо со важност до 30-ти месецов. Според одлуката маржата за бел леб, шеќер и сончогледово масло е пет отсто во трговијата на големо и на мало, а за јајца, брашно, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко 10 отсто.

Промовирани огласи »

ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е фирма, која врши проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење и вентилација, како и техничко-консултантски услуги. Својата политика и концепција на работа ја постигнува со взаемна соработка и застапување на повеќе светски брендови од HVAC (Heating, Ventilation and Conditioning) областа: DAIKIN- Jапонија, SABIANA, CLINT и DYNAIR од Италија, PROKLIMА и KLIMAOPREMA oд Хрватска.

Во своето шестгодишно постоење ИЦС ГРУП може да се пофали со богата референтна листа на реализирани индивидуални, комерцијални и индустриски објекти. 

Моментално вработува на следниве позиции:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР - ЈУНИОР ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР - ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР
ЈУНИОР ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР
ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР

Промовирани огласи »

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од вечерва на полноќ ќе се продава по поевтина цена за 3 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото од утре ќе се продава за 92 денари по литер.

Цените на бензините остануваат исти, односно ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по 87 денари по литар, и ЕУРОСУПЕР95 по 84,5 денари по литар.

Се намалува цената на мазутот, и од утре ќе изнесува 50,4 денари по литар.

Цената на екстра лестното масло за домаќинство од утре ќе се продава поевтино за 1,5 денар, односно за 89 денари.

Промовирани огласи »

Професорот Никола Поповски и поранешен министер за финансии вели дека во услови на висока инфлација, нашата централна банка, како и останатите централни банки, презема оправдани мерки за ублажување на инфлациските притисоци, а очекува дека во натамошниот период постепено ќе се стабилизира инфлацијата.

Тој интервју за МТВ нагласува дека овие мерки позитивно ќе делуваат и на домашното штедење.

Ја истакнува и важноста на мерката на Народната банка за поддршка на компаниите за инвестиции во обновливи извори на енергија, преку пониски каматни стапки на овие кредити.

Народните банки, централните банки, секаде во светот, како и нашата Народна банка, преземаат мерки колку е можно за да се контролира инфлацијата. Ако не за да ја намалиме, тогаш барем за да го оневозможиме натамошниот раст. Од тие причини, во неколку наврати, се зголемува базичната стапка на благајничките записи, односно референтната стапка, којашто стигна до три проценти. Таа сè уште не е висока, вели професорот Поповски.

Во однос на натамошната динамика на инфлацијата Поповски очекува од март наредната година да се намалува, односно да стагнира.

Добрата вест е што нивото на раст на инфлацијата забавува и од неколку проценти месечно, сега се намалува на 2, па на 1 процент месечно, со тенденција, веројатно, во текот на зимава уште малку да се задржи заради војната и снабдувањето со енергентите, а веќе од наредната година (март, април, кога и почна ценовното ниво да оди нагоре), да се намалува, односно да стагнира, вели Поповски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »