МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР - ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР

За компанијата: ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е фирма , која врши проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење и вентилација, како и техничко-консултантски услуги. Својата политика и концепција на работа ја... повеќе за компанијата »

ИЦС ГРУП ДОО - Скопје e приватна компанија,овластен партнер  на Јапонскиот бренд DAIKIN  за Македонија, специјализирана за проектирање,продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од спремен и одговорен профил за работната позиција:

                           
Машински инженер - Проектен менаџер

 

Цел на работното место е: Планирање, организација и контрола на изведбата на проектите. Координација на активностите со сите вклучени сектори за оптимално задоволување на временските рокови усогласени со клиентот и реализација на проектот според финасиската спецификација.

Квалификации:

  • Завршено високо техничко образование, предност е Машински факултет
  • Обука за проектен менаџмент е предност
  • Најмалку 5 години работно искуство на иста или позиција со слични одговорности

Работни задачи и одговорности:

  • Проектирање на термотехнички инсталации и опрема за греење, ладење, вентилација и климатизација
  • Изработка на план за реализација на проектот, со активности и рокови
  • Организација на реализацијата на проектите и координирање на активностите.

Вештини и способности:

  • Високо изразени организациски способности
  • Планирање и анализа на детали кон формирање план за реализација способност за читање технички цртежи и работа со документација
  • Способност за комуникација со луѓе на различни позиции, градење авторитет, лидерски вештини, способност за брзо носење одлуки
  • Напредно ниво за работа со компјутер – AutoCAD, Microsoft Office.

 

Ние нудиме:

  • Конкурентни месечни примања
  • Работа со најквалитени брендови
  • Програми за личен и професионален развој
  • Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност
  • Дополнително приватно здравствено осигурување
  • Пакет на бонусирање и наградување според учинок.

 

Работната позиција е во Скопје.

Сите заинтересирани кандидати своето  CV може да го  испратат на следнава e-mail  адреса   [најави се за да го видиш е-маилот]    (со назнака за работно место Машински инженер - Проектен менаџер)

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »