Во првиот квартал од годинава претплатниците во мобилната телефонија просечно во тек на еден месец иницирале 103,38 повици, а зборувале просечно 243,67 минути. Најголем дел од разговорите се остваруваат во сопствена мобилна мрежа и изнесува 157,74 минути (64,74 проценти). Сообраќајот кон други мобилни мрежи во државата е значително помал и изнесува 80,98 минути (33,23 проценти).
Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во првите три месеци од годинава, споредено и со првиот и со четвртиот квартал минатата година има намалување на волуменот на сообраќај кон сите дестинации.
Извештајот на АЕК за развојот на пазарот на електронски комуникации во првиот квартал годинава покажува дека вкупниот број активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 1 920 834, што претставува пад од 1,06 проценти во однос на претходниот, четвртиот квартал лани, кога беа регистрирани 1 941 352. Во однос на првиот квартал минатата година, пак, има раст од 2,61 процент.
Заклучно со 31 март годинава во државава имало 1 403 888 претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилни мрежи (2G/3G/4G), или за 0,92 проценти помалку споредено со претходниот квартал. Со пристап до интернет со широк опсег, пак, се регистрирани 499 331 претплатници односно раст од 0,11 процент во однос на четвртиот квартал од 2021 година, додека споредено со првиот квартал од 2021 година бројот на активни претплатници е зголемен за 4,53 проценти.
Уделот на мобилните оператори на пазарот на мобилна телефонија по број на активни претплатници заклучно до 31 март годинава покажува дека А1 Македонија учествува со 48,14 проценти, Македонски Телеком учествува со 47,45 проценти, Лајкамобајл има пазарен удел од 3,12 проценти, Роби има пазарен удел од 1,22 проценти додека Греен Мобиле има пазарен удел од 0,07 проценти.
Кај резиденцијалните пост-пеид претплатници во мобилната телефонија има раст од 0,54 проценти од претходниот квартал додека во однос на истиот квартал од претходната година се забележува раст од 3,67 проценти, деловните бележат раст од 0,12 проценти во однос на претходниот квартал додека во однос на првиот квартал од 2021 година се забележува пад од 2,05 проценти.
Се бележи намалување на бројот на испратени СМС пораки во однос на четвртиот квартал од 2021 година од 7,42 проценти. Кај вкупниот број испратени ММС пораки во првиот квартал од 2022 година има раст од 6,07 проценти во однос на претходниот квартал и пад од 0,88 проценти споредено со првиот квартал од 2021 година.
Извештајот на АЕК покажува дека во државава има 426 255 претплатници на фиксни линии и по тој основ има намалување на годишно ниво од 4,6 проценти. Резиденцијални претплатници на фиксна линија се 373,523, а деловни се 52 732. Целокупниот обем на сообраќај во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал од претходната година бележи пад од 6,15 проценти, додека во однос на четвртиот квартал од 2021 година бележи пад од 20,24 проценти. Во однос на вкупниот број на појдовни повици споредено со првиот квартал од 2021 година се забележува пад од 9,27 проценти, додека во однос на четвртиот квартал од 2021 година бројот на повици е намален за 15,43 проценти.
Во вкупниот број фиксни линии учеството на Македонски Телеком е 52,52 проценти, додека од алтернативните оператори/ даватели на услуги најголемо учество има А1 Македонија со 41,07 проценти, по што следуваат: Роби (4,31 проценти) и Неотел (2,10 проценти).
Од 83 нотифицирани субјекти во службената евиденција на АЕК, 79 субјекти обезбедуваа услуги за пренос на податоци во првиот квартал од 2022
Во првиот квартал годинава се регистрирани и 430 119 претплатници на ТВ услуги и пакети, што е намалување од 4,60 проценти во однос на првиот квартал лани, кога биле регистрирани 450 865. 211.348 .