Промовирани огласи »

Владата на Република Северна Македонија, на вчера одржаната седница го усвои Предлогот на Закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика.

Целта на Предлог-законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза.

Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец, од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат:

  • корисници на право на социјална сигурност на стари лица;
  • корисници на посебен додаток;
  • корисници на правото на надоместок заради попреченост;
  • лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост;
  • самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

И за невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, е предвидена финансиска поддршка по 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон.

За корисниците на право на пензија во висина до 14.000 денари е предвидено:

  • финансиската поддршка од 1.500 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина, не поголема од 11.525 денари месечно;
  • финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно.

Финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат и корисниците на право на надоместок за телесно оштетување.

Со оглед на тоа што не е во прашање сложен и обемен закон, а се однесува на финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, се предлага Собранието да расправа по него во скратена постапка. Законот ќе влезе во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија, информираа од Владата. 

Промовирани огласи »

На 16.10.2022 во Public Room со почеток од 11h се оддржи одличен настан посветен на жените во организација на Better Women Better World платформата. Како верни поддржувачи на жените во нашето општество, KARIERA.mk директно се вклучи во поддршка на настанот и информирање на жените за нивните можности за кариерен развој и пребарување на можности за работа во нашето општество. 

Ние, Хероините е женски форум на кој ќе се рефлектираат борбите и предизвиците на жената во различни сегменти од животот. Овој еднодневен форум има за цел да ги руши бариерите, споделувајќи мислења за одредена тематика од страна на професионалци, но и животни приказни, ставајќи акцент на вистинските прашања за кои треба сериозно да се размислува.

Агендата за настанот се состоеше од три панел дискусии и тоа:

Прва Панел Дискусија на тема:

Предизвиците на жените кои поминуваат низ процесот на Ин Витро (IVF) фертилизација

Говорници: Д-р Татјана Гуржанова, Доц. Д-р Зоја Самандова Петрушева

Модератор: Ксенија Николова

Втора Панел Дискусија на тема:

Предизвиците на жените во бизнисот

Говорници: Ангелка Пеева Лауренчиќ, Александра Бела Белчева Атанасовска, Калина Трајаноска

Панел презентација КАРИЕРА.мк Можности за кариерен развој, вработување, пракси и личен развој

Говорник: Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор КАРИЕРА.мк

Модератор: Олга Рајчиќ

Трета Панел Дискусија на тема:

Предизвиците на самохраните мајки

Говорници: Дороти Пачкова, Искра Гашевска, Бранкица Коцева

Модератор: Розалија Секулоска

Имавме можност да слушнеме корисни информации и искуства од страна на експерти од засегнатите области, како и инспиративни приказни од жени кои се соочувале и сè уште се соочуваат со разни предизвици, жени кои успеале да победат и продолжиле и после низа порази, но сепак стигнале до остварување на своите цели.

Промовирани огласи »

Како што се навикнуваме на пониските температури, луѓето почнуваат да си го поставуваат истото прашање: „Дали да го вклучат греењето? Некои домаќинства издржуваат онолку долго колку што можат, додека други го вклучуваат со првите ниски температури. Сепак, постои вечна дилема при користењето на парното, дали се заштедува пари ако работи бавно цел ден? Како и кај повеќето работи, одговорот не е едноставен.

Експертите сугерираат дека оставањето на греењето на пониска температура во текот на денот за да заштедите пари е само мит.

Од една страна, оставајќи го греењето вклучено цел ден, котелот ќе мора да работи за да ја одржува температурата на поставената температура, а вие ќе трошите енергија цел ден во споредба со поставувањето на греењето да започне во избраното време. Меѓутоа, ако домот е поладен, ќе ви треба повеќе енергија за да го загреете кога ќе пристигнете и ќе ја вклучите топлината.

Затоа, тие препорачуваат користење на тајмер. Ова овозможува греењето да се вклучува и исклучува кога ви е најпотребно и не мора да се грижите дали ќе заборавите да го исклучите.

Многу експерти се согласуваат дека најважното нешто што треба да се земе предвид кога станува збор за ефикасно затоплување на домот е да откриете каде бега топлината од него. Ако станот е добро изолиран, ќе трошите помалку енергија без разлика дали ќе го оставите парното вклучено цел ден или ќе користите тајмер. Колку се помали загубите на топлина, толку помалку енергија ќе потрошите за да постигнете удобна температура во домот.

Промовирани огласи »

Советот на Народната банка донесе Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка, во која најзначајно е вклучувањето на српскиот динар на курсната листа на Народната банка.

Одлуката, како што информираа денеска од Народната банка, ќе почне да се применува од Курсната листа формирана на 1 ноември 2022 година.

Со вклучувањето на српскиот динар во листата на валути кои може да се купуваат и продаваат на девизниот пазар се отвораат можности за поедноставување на економската соработка и се дава поттик на економските субјекти во интензивирање на трговските и финансиските текови меѓу двете земји, имајќи предвид дека Србија е еден од позначајните трговски партнери на нашата држава. Истовремено, може да се очекуваат и поволни ефекти и во поддршка на услужните дејности, со оглед дека е значен бројот на туристи од оваа наша соседна држава.

Одлуката за вклучување на српската валута во рамки на Курсната листа доаѓа во период на продлабочување на билатералната соработка на централните банки на двете земји и претставува координирана реакција на одлуката на Народната банка на Србија за ставање на македонскиот денар на својата курсна листа. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »