Промовирани огласи »

Германците сакаат да летуваат на Јадранот, но еден од нив со трактор дошол во Хрватска. 

Ернест Ебелинг (63) со својот трактор од мало место покрај Хановер тргнал за Трогир. 

За да помине 1700 км му требале девет дена. 

Неговата сопруга Андреа не сакала да му се придружи и допатувала во Хрватска со авион. 

Откако во Трогир и Сплит поминал две недели, сега Германецот се враќа дома. 

Промовирани огласи »

Учењето на различни јазици може да биде корисно за децата во поглед на развојот и културното изложување, но сигурно се прашувате кои јазици треба да ги одберат за најдобро да се снајдат во животот?!

Еспертите анализираа како јазикот може да влијае на животот на децата и улогата што ја игра во секојдневните активности. Тие, исто така, утврдија кои јазици ги отвараат вратите на децата и би им овозможиле најдобри можности за кариера кога ќе влезат во светот на возрасните.

Ние веруваме дека учењето на јазик е многу корисно за развојот на децата и тоа е вистинска инвестиција за иднината, рече Антонела Сорас, професор по развојна ингвистика и директор на прашања за двојазичност на Единбуршкиот универзитет.

Студијата вклучува анкета на 2.001 родители со деца на возраст под 18 години, паралелно со уште една анкета на повеќе од 500 бизнис лидери.

Резултатите покажаа дека децата треба да учат француски, германски и / или мандарински ако сакаат да бидат успешни во следните 10 години и да ја зголемат нивната можност за вработување. Владеењето на втор јазик ја отвора вратата за нови пазари за бизнисите и им овозможува да создадат нови односи со потенцијалните партнери.

Ако сакате вашето дете да се издвои од толпата ловци на успешна кариера, осигурајте се дека ќе влијаете врз изборот на интереси на своето дете и никако не дозволувајте да остане со познавање на само еден странски јазик.

Иднината носи нови предизвици, да им веруваме на лингвистите и нивните истражувања за иднината и нашите деца во бизнис светот.

Промовирани огласи »

Речиси сите делчиња од мозаикот за Samsung Galaxy Note 8 полека се склопуваат. По потврдата на 23 август како датум на промоција, откривање на повеќе рендери кои го покажуваат дизајнот, сега добиаме и информација за нова боја на маската.

Според „ликстерот“ Роланд Квандт Samsung Galaxy Note 8 ќе располага и со Deep Blue боја на маската покрај Black и Orchid Grey. Барем, ова засега се речиси потврдени бои за маската на Samsung Galaxy Note 8.

Промовирани огласи »

Летото е период кога сите ние го користиме летниот одмор и без разлика на обемноста на работните обврски, сите имаме право на одреден број на слободни денови во летниот период.

Секој од нас треба да посвети внимание на најсаканите и целосно да се откачи од секојдневните бизнис обврски.
Сметате дека е невозможно целосно да се исклучите од вашето работно место?

Ви подготвивме кратко видео за како тоа да го сторите со примена на неколку идеи. Сепак, летниот одмор е ваше право и заслужувате да не размислувате за бизнис информации, пари, соработници или пак за колегите од канцеларија.


 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »