Промовирани огласи »

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 92,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава за  94,5 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 99,  Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 93 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 50,067 денари за килограм.

ОД РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка кај бензините бележат зголемување во просек за 1,028 отсто, кај дизелот има намалување за 0,871, кај екстра лесното масло намалување за 0,611, а кај мазутот намалувањето е за 0,147 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,25 отсто. 

Промовирани огласи »

Се очекува дека во петок Твитер под водство на Илон Маск ќе отпушти илјадници вработени. Според некои податоци, би требало да се отпуштат околу 3.700 луѓе или дури половина од работната сила.

За своите работни задачи да ги исполнат во кратки рокови да докажат дека се успешни, вработените работат по 24 часа дневно, седум дена во неделата, а некои и спијат во канцелариите. Меѓутоа, многу корисници веќе се жалат дека губат следбеници. Причината за големата чиста би можело да биде укинувањето на лажните профили, како и деактивацијата во знак на протест, бидејќи синото знакче сега ќе се плаќа.

Откако Илон Маск ги оставил вработените во голема мера во мрак за тоа што се случува во компанијата во првите денови од неговото преземање на Твитер, тие сега сè се поблиску до сознанието за својата судбина под негово водство. „Business Insider“, кој добил интерна комуникација и разговарал со две лица запознаени со плановите на компанијата, но кои сакале да останат анонимни, пренесува дека листата на луѓе од кои се очекува да добијат отпремнина поради раскин на договорот за работа е завршена во средата. На неа би требало да има дури 3.700 луѓе.

Откако Маск официјално го купи Твитер минатата недела, тој ги рангирал работниците според нивните резултати. Шефовите на одделенијата имале задача да состават листа и да изберат кого ќе задржат во компанијата, а кого ќе отпуштат. Тие листи потоа му биле пратени на Маск и неговиот тим, вклучувајќи го и неговиот адвокат Алекс Спајро.

Се очекува отпуштањата да бидат извршени во петок на пладне. Ако навистина се отпуштени повеќе од 3.700 луѓе, тоа би значело половина од работната сила. По зголемувањето на работната сила на компанијата на околу 8.200 во јуни, стотина ја напуштиле истата кога Маск одлучил да ја купи. Кон крајот на септември останале 7.500 луѓе.

Во меѓувреме, „Washington post“ известува дека тимот на Маск планира да го намали персоналот на Твитер за околу една четвртина во првата рунда отпуштања, повикувајќи се на лице запознаено со разговорите кои се воделе во седиштето на компанијата минатата недела.

Милијардерот, кој го презема Твитер минатата недела, најави дека новата сина ознака покрај имињата на корисниците на социјалната мрежа Твитер, која ја докажува автентичноста на профилот, ќе мора да се плаќа осум долари месечно.

Според интерните податоци до кои дошол „CNBC“, вработените од другите компании на Маск сега се овластени да работат на Твитер, вклучувајќи повеќе од 50 луѓе од Тесла, двајца од „Boring Company“ и еден од „Neuralink“.

Оние кои сакаат да ја задржат работата се советувани да му пристапат на Маск директно преку „Slack“ со нови идеи и да бидат подготвени да работат со манична енергија, се наведува во интерниот меморандум во кој увид имал „Business Insider“.

„Од нас се очекува буквално да работиме 24/7 за да го изведеме ова“, гласела пораката на вработените кои моментално подготвуваат ревизија на начинот на кој функционира процесот за верификација на профилите.

Во тоа време на вработените не им е кажано дали ќе добијат плата за прекувремена работа, наведува „CNBC“. Некои од компанијата ги гледаат овие задачи како тест од тимот на Маск за да видат кој работни напорно. Но тие се грижат дека нивните кариери на Твитер ќе завршат ако не ги завршат работите до одредените рокови.

Твитер треба да одговори на барањата за коментар за работното време, персоналот кој спие во канцеларија и отпуштањата.

When you need something from your boss at elon twitter pic.twitter.com/hfArXl5NiL

— evan (@evanstnlyjones) November 2, 2022

Промовирани огласи »

Време е за вашата прва потрга по работа? Треба да напишете биографија, што може да претставува тешка задача ако немате реално работно искуство. Не знаете од каде да започнете, што да вклучите или кој формат на биографија да користите. Згора на тоа, повеќето совети што ги наоѓате на интернет не се релевантни бидејќи се фокусираат на нагласување на професионалната позадина.Три секции за замена на работното искуство.

Откако ќе ги наведете вашите лични податоци и образование време е да ја пополните празнината во работното искуство во вашата биографија. Еве три секции што можете да ги користите наместо тоа:

Практикантска работа

Дали сте биле на пракса која е релевантна за позицијата за која аплицирате? Сега е време да се спомене.

Волонтирање

Волонтирањето покажува посветеност и страст за учење. Нема ништо поважно од посветен вработен. Без разлика дали го поминувате слободното време правејќи апликација или помагајќи во некоја канцеларија, можете да го споменете во вашата биографија!

Проекти на кои сте работеле

Во овој дел, можете да додадете какви било релевантни проекти од кои сте биле дел за време на вашето време на училиште или на стажирање. Вашата дипломска теза, магистерски труд, објавена статија или истражувачки проект може да го спомнете овде.

Промовирани огласи »

Инфлацијата и во најбогатата еврозона во Европската унија достигна околу 11 отсто, економијата оди во рецесија, а скокот на цените предизвикува големо незадоволство кај синдикатите и потрошувачите, па владите преземаат различни мерки.

Грчката влада донесе одлука синџирите на супермаркети да имаат прифатлива цена за најмалку една храна во секоја категорија на производи. Шпанската влада, меѓу другото, само ја подигна минималната плата на илјада евра и забрани привремени вработувања.

Новата италијанска влада подготвува финансиска помош за населението и малите бизниси.

Властите во Берлин издвоија дури 200 милијарди евра за помош на ранливото германско население и бизниси. Во декември државата ќе финансира 100 отсто од сметките за греење на гас за ранливите германски потрошувачи, а девет милијарди евра ќе бидат обезбедени одделно од буџетот.

Скокот на цените на струјата, гасот и основните потреби особено ги загрижува властите во ЕУ, главно поради тоа што производителите остварија значителни суперпрофити на огромниот, главно целосно неоснован скок на цените, а нема сомнеж дека ова е исто така резултат на шпекулации.

Заводите за статистика наведуваат дека граѓаните во многу земји веќе ја намалиле потрошувачката бидејќи не можат да го издржат поскапувањето, иако трошат дел од заштедата.

Грчкиот министер за развој и инвестиции, Адонис Георгиадис, силно ги критикуваше неоправданите поскапувања, велејќи дека „граѓаните гледаат постојано зголемување на цените на полиците на супермаркетите и велат дека тоа е чиста кражба“.

Грчкиот министер вели дека „токов ненадеен и континуиран скок на цените е целосно неразбирлив“ и затоа објасни дека владата во Атина ги задолжила синџирите на супермаркети дека најмалку еден од основните производи, како леб, млеко, масло, ориз, тестенини, мора да има прифатлива цена за потрошувачите

Ова мора да го објават синџирите на супермаркети на интернет и во брошури, а доколку тоа не се почитува следува казна од пет илјади евра дневно.

Дека незадоволството на потрошувачите е големо сведочи и анализата на статистичката агенција „Нилсен“, според која грчките домаќинства во првите девет месеци во супермаркетите потрошиле повеќе од 320 милиони евра повеќе од лани, а купувале помалку производи.

Протести се одржаа и во Чешка, Унгарија, Франција и во некои други земји.

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, предупреди дека мерките за зголемување на каматните стапки нема да ја потиснат инфлацијата бидејќи на економијата на ЕУ и се заканува неизбежна рецесија.

Во анализата на лондонската агенција „Economist Intelligence unit“ пишува дека може да има штрајкови и протести во светот и во Европа поради огромниот пораст на цените на енергенсите и основните потреби.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди на „катастрофална висока инфлација и слабеење на производството“ и порача дека неопределените влади во Европа мора да преземат сериозни макроекономски мерки за да ја прекинат инфлацијата, но и да им помогнат на населението и економијата.

ММФ дава до знаење дека и без нови прекини во снабдувањето со нафта и гас, инфлацијата ќе биде долга и наведува дека, кога станува збор за Западен Балкан, главната причина за скокот на цените на енергијата, туку храната.

ФОТО: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »