Промовирани огласи »

Денес, KARIERA.mk беше во посета и дружба на универзитетот ФОН и ги запозавме студентите со нашиот нов продукт, МојаКАРИЕРА картичка, како и придобивките за истата. Студентите освен добиените информации можеа и да се почестат и со КАРИЕРА кафенце и чоколатца. 

Што добивате ако ја активирате вашата МојаКАРИЕРА картичка: 

Препорака кај компаниите! BASIC

Вашето CV ќе биде директно препорачано до компаниите за каде би соодејствувало. KARIERA.mk има одличен партнерски однос со многу компании од државава па така со ова вашата потрага по совршеното работно место ќе биде многу побрза.

Професионална проверка на вашето CV! PRO

Тимот на KARIERA.mk е составен од професионалци кои секојдневно прегледуваат огромен број на CV-а. Со купување на картичката добивате персонализирана проверка на вашето CV и сугестии за промени и корекции со цел ваше претставување во најдобро светло пред потенцијалниот работодавец.

Видео обука за вештини за вработување!

Сертификат за обуката! 

Платена пракса од 20 часа неделно!

Стручни текстови и совети за кариерен развој!

Дружењето беше одлично, студентите се иднината на пазарот на труд и се секогаш добредојдени членови на нашиот сервис!

Промовирани огласи »

b watch 1920 е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија. Вршиме сервис на сите типови на часовници. Можете да ги посетите нашите продажни салони во Скопје и Битола.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА БИТОЛА
АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ
АСИСТЕНТ ВО СЕКТОРОТ ГОЛЕМОПРОДАЖБА
РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖБА

Промовирани огласи »

Кренете рака ако ја сакате идејата да заработувате дополнителен приход или да се откажете од канцеларискиот живот за да научите како да заработувате пари од дома.

Еве некои од најдобрите начини да заработите пари од дома:

Airbnb домаќин

Дали имате дополнителна соба во куќата или пак цел апартман? Обидете се да ги изнајмувате на Airbnb.com.

Дадилка

Ако сакате деца, може да поминете неколку часа неделно во чување деца.

Писател, едитор или коректор

Сите велат дека сте фантастичен писател, па зарем не е време да го искористите талентот за добивање плата, особено за онлајн содржини. Постојат голем број веб-страници за пишување за да најдете хонорарна работа.

Онлајн курс

Ако ви оди добро на факултет, лесно е да помислите дека и на сите други им е така, но вистината е дека многу луѓе се борат за положување на голем дел од предметите.  Можете да заработите со тоа што ќе им помогнете и ќе ги научите што знаете преку онлајн курс.

Социјални мрежи

Сите ние секојдневно поминуваме многу време на социјалните мрежи – Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, Твитер, а листата продолжува. Ако сте навикнати да добивате многу лајкови или коментари, или ако сте одлични во мотивирањето на другите преку вашите објави, можеби ќе сакате да размислите да го претворите ова во професија.

Промовирани огласи »

Менаџерот за човечки ресурси на Мета, Лори Голер рече дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат најмалку четири месеци плата.

Мета платформата ќе почне да отпуштаат вработени од денеска, изјави извршниот директор Марк Цукерберг, пренесува Wall Street Journal.

Според њујоршкиот весник, се очекува да бидат отпуштени илјадници вработени, што ќе биде најголемото отпуштање во технолошкиот сектор оваа година.

Весникот додава, повикувајќи се на свои доверливи извори, дека Цукерберг се појавил вознемирен на состанокот и рекол дека е одговорен за погрешните чекори на компанијата.

Тој исто така изјавил дека неговиот преголем оптимизам во однос на растот довел до прекумерен број вработени, пренесува Ројтерс. Менаџерот за човечки ресурси на Мета, Лори Голер, рече дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат отпремнина најмалку четири месеци.

Според податоците на Мета, компанијата на крајот на септември имала повеќе од 87.000 вработени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »