Асистент во Секторот големопродажба

За компанијата: Брендот b watch 1920 е многу добро познат кај нас. Датира уште во далечната 1920 год, започнувајќи како семејна традиција на продажба, дистрибуција како и сервисирање на висококвалитетни часовници и накит. повеќе за компанијата »

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот во секторот големопродажба Скопје.

Асистент во Секторот големопродажба во b watch 1920.

Краток опис на работните задачи и одговорности:

  • Креирање на план за работа
  • изработка на каталози за понуди до партнерската соработничка мрежа на b watch 1920;
  • реализација на планираните неделни обврски и известување на раководителот на секторот за извршувањето на задачите;
  • комуникација со моментални и потенцијални бизнис партнери на b watch 1920 преку платформите за комуникација;
  • организација и водење евиденција за испорачани количини на прозиводи кон клиенти;
  • изработка на сите потребни документи за испорака на роба од магицините на b watch 1920 (фактури, про-фактури).
  • Следење на залиха во магацин и салон
  • Неделен извештај за продажбата и комуникацијата со потенцијални купувачи
  • Издвојување на робата, селекција и лепење на декларации (часовници за B Watch и големопродажба),
  • Презентација на производите пред купувачите
  • Распределба на роба за салони

Потребни квалификации:

  • Образование: ССС / ВСС;
  • Познавање на Officе, со акцент на Excel и PowerPoint ;
  • Позитивен однос и убедливост во комуникацијата;
  • Ориентираност кон потреби на деловни клиенти на b watch 1920;
  • Доверливост и трудољубивост;
  • Мотивација за работа во тим и навремено извршување на задачите;
  • возачка дозвола Б категорија;
  • Познавањето на Adobe Photoshop или други алатки за дизајн ќе се смета за предност.

Потребна документација:

  • CV не постаро од 6 месеци
  • пријавено образование во агенција за вработување

Вие добивате:

  • мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се на прво ниво
  • можност за работа со докажан тим за продажба и уникатна шанса за унапредување на знаењето во областа на продажба
  • Пронаоѓање, запознавање, градење успех. Ако тоа си ти, пријави се денес.

Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920 .

Ве покануваме доколку имате интереси и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате сите горенаведени точки испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 15.11.2022 год. на [најави се за да го видиш е-маилот]

Ве очекуваме,

Тимот на b watch 1920

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »