Промовирани огласи »

Исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2022 година започна денеска, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Корисниците на парични права кои што поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 јануари 2023 година, стои во соопштението од МТСП.

Оттаму дополнуваат дека со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

04.01.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

05.01.2023– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Промовирани огласи »

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп. Мисијата на Офис Плус е да ги задоволи сите потреби за деловно работење на клиентите, лесно и навремено. Визијата на Офис Плус е да стане препознатлив знак за квалитет на целата територија на РМ преку успешно поставување на комплетна продажна мрежа во целата држава.

Моментално се отворени како активни следниве работни позиции:

ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ -КАПИТОЛ МОЛ И СИТИ МОЛ
МАГАЦИОНЕР / СПРЕМАЧ НА АРТИКЛИ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ РАМСТОР

Промовирани огласи »

Биткоинот ја започна 2022 година со вредност од околу 48.000 долари, што беше значително помалку од максимумот постигнат на крајот на 2021 година. Но,колапсот на TerraUSD и придружната крипто монета Луна ја однесе индустријата по мрачен пат и воведе период познат како „крипто зима“. Падот на цените не само што ја намали вкупната капитулација на пазарот на под трилион долари, туку доведе до банкрот на некои сериозни фирми како што се Целзиус и ФТХ, чиј основач Сем Бенкман-Фрид неодамна беше уапсен.

Иако се чини дека вредноста на Биткоинот се стабилизира меѓу 16 и 17 илјади долари од средината на ноември, останува прашањето што можеме да очекуваме од оваа криптовалута оваа година или дали инвеститорите имаат на што да се надеваат. CNBC собра предвидувања од аналитичари, инвеститори и други експерти во криптоиндустријата.

Вредноста на биткоинот во 2023 година

Најоптимистичкото и во исто време најнереалното предвидување доаѓа од милијардерот Тим ​​Дрејпер кој тврди дека вредноста на оваа криптовалута ќе скокне за 1.400% во 2023 година, односно ќе ја заврши годината со цена од 250.000 долари.

Од друга страна, е Ерик Робертсон, глобален шеф на истражување во Standard Chartered Bank, кој смета дека падот на валутата Биткоин ќе продолжи и оваа година и ќе достигне вредност од 5.000 долари, а сличен песимизам споделува и инвеститорот Марк Мобиус, кој беше малку поумерен во своите предвидувања, тврдејќи дека вредноста ќе падне на 10.000 долари.

Керол Александар, професорка по финансии на Универзитетот во Сасекс има подобри вести за оние кои сè уште не сакаат да ги продадат своите дигитални средства. Таа верува дека Биткоинот ќе достигне вредност од 30.000 долари во првиот квартал, а растот во третиот и четвртиот квартал ќе доведе до цена од 50.000 долари.

Промовирани огласи »

Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива.

Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.

Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот.

Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »