Промовирани огласи »

КАЛАБАЛАК е градска кафеана во срцето на Скопје создадена за сите оние кои знаат да уживаат. Голем избор на специјалитети и пријатна атмосфера! За успешно да ги исполниме очекувања на сите наши гости и да ја понудиме најдобрата услуга, константно го прошируваме својот тим!

Моментално вработуваме:

ШАНКЕР/КА
КЕЛНЕР/КА
МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН
ГОТВАЧ/КА
ПОМОШНИК ГОТВАЧ/КА - САЛАТЕР/КА
ПИЦА МАЈСТОР/КА
САДОМИЈАЧ/КА
ДОСТАВУВАЧ/КА

Промовирани огласи »

Невработени лица имаат можност да го дооформат нивното средно стручно образование преку најновата пилот програма „Втора шанса“, информираат од Агенцијата за вработување.

Програмата се спроведува во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Преку „Втора шанса“, 200 граѓани од земјава ќе имаат можност да го завршат своето средно стручно образование. Оваа програма ќе се спроведе од страна на средни стручни училишта за машинска, електротехничка, угостителска и градежна струка, се наведува во денешното соопштение.

Во тек е кампања што Агенцијата ја спроведува за информирање на јавноста, преку организирани средби во сите региони во државата.

Врз основа на податоците со кои располагаме и со намера да им се помогне на невработените лица со пониски квалификации и пониско ниво на образование, оваа пилот програма беше конципирана и отворена како можност за невработени лица со незавршено средно стручно образование – 3-та година од стручното образование за занимања – тригодишно образование, или 4-та година од техничкото образование – четиригодишно образование. Заинтересираните лица при пријавувањето треба да приложат оригинал од свидетелствата што ги имаат. Сите лица кои ќе бидат селектирани и ќе учествуваат во програмата „Втора шанса“, ќе добијат диплома за завршено средно стручно образование, која не ја стекнале додека биле вклучени во редовниот образовен процес, објаснува во пишана изјава Наташа Здравковска, координатор на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“.

Во тек е отворен оглас за пријавување, сѐ до исполнување на предвидениот опфат од 200 учесници.

Може да се пријават невработени лица кои немаат завршено средно стручно образование и спаѓаат во ранливите целни групи на проектот. Корисници на гарантирана минимална помош, млади лица до 29 години, Роми, жени, лица со попреченост и долгорочно невработени лица – над 12 месеци во евиденција. Заинтересираните кандидати треба во најкраток можен рок да се пријават во центрите за вработување, каде редовно се евидентираат како невработени лица. Поднесувањето на пријавите можат да го направат секој работен ден од осум до 14 часот, се додава во соопштението.

Промовирани огласи »

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги известува граѓаните дека утре ќе може бесплатно да ги користат паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.

По повод претстојниот верски празник „Богојавление“ (Водици) Ве известуваме дека на 19.01.2023 година (четврток) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ, информираат од претпријатието.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 20.01.2023 година (петок) со вообичаено работно време.

Промовирани огласи »

Секако првиот впечаток е важен кога одите на интервју за работа. Посебно ако е за работното место кое навистина го посакувате. За полесно да се организирате подолу ќе пронајдете неколку совети како да се припремите за да оставите најдобар можен впечаток.

Спремете го вашиот говор

Воведниот говор за себе треба да ги пренесе длабочините на вашето искуство и она што го барате. Прилагодувањето на вашиот говор може да направи да звучите многу поубедливо.Поставете ги вашите намери за разговорот кој сакате да го водите за да бидете подготвени. Без разлика дали барате нова работа,се опишувате себеси во мотивациско писмо или пак сакате само унапредување, знајте што сакате и поставете го убедливо вашиот тон на зборување на правнилно артикулиран начин. Убедете ја личноста со која разговарате дека имате одлични вештини и секако се интересирате за тоа што таа има да ви го каже.

Позиционирајте го правилно вашето тело

Сите знаеме дека позицијата на телото е особено важна. Воспоставување контакт со очите,цврсто ракување, цврстиот став и насмевка на лицето пренесуваат чувство на доверба. Довербата може да биде од големе значење, што значи дека кога се однесувате самоуверено, ќе почнете да се чувствувате посигурни, а и другите ќе ве доживуваат како сигурна и компетентна личност. Бидете свесни какви сигнали испраќате со вашиот став, тонот на гласот, држењето на телото,гестовите и изразите на вашето лице и секогаш зборувајте со голем ентузијазам.

Одберете го внимателно вашиот изглед

Секако изгледот има свое значење. Луѓето го забележуваат начинот на кој се облекувате, како се носите себеси и вашата целокупна презентација. Колку ова толкување и да е субјективно, вие не сакате негативната перцепција за вашиот стил да ја засени суштината на состанокот.

Покажете вистински интерес и подготвеност да помогнете

Слично како и довербата,позитивноста исто така има важна улога. Потрудете се да бидете позитивни и доверливи во професионалните интеракции. Емитувајте позитивна емоционална енергија и поставувајте прашања за да извлечете одговори.

Оставете добар впечаток

Важно е да запомните дека оставате прв впечаток пред воопшто да запознаете некого. Потрудете се да имате добра репутација, бидејќи често луѓето ќе ве побараат на социјалните мрежи.Оставете слика за вашата репутација онаква каква што сакате да биде во сите форми, бидејќи воспоставувањето на вашиот професионален идентитет може да го зајакне вашиот следен чекор.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »