Републичкиот совет за безбедност при сообраќајот, им укажува на граѓаните дека возењето во услови на врнежи од снег и ниски температури има низа предизвици кои возачите треба да ги имаат предвид, за да се сочува и нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Бидете особено внимателни кога врне и кога е намалена видливоста на патиштата, велат оттаму.
Па така, РСБСП советува:
•во возилото секогаш носете зимска опрема (ланци за снег, метла, чистач за мраз на ветробранско стакло и сл.),
•возилото секогаш да биде добро исчистено од снежните наноси (особено прозорците и ретровизорите),
•проверете го антифризот, притисокот на гумите, течноста за ветробранско стакло и сл.,
•користете зимски гуми,
•исчистете го снегот од вашите обувки за да се избегне лизгање при притискање на педалите од возилото,
•возете внимателно и со намалена брзина,
•одржувајте растојание од другите возила,
•избегнувајте нагло сопирање и нагли задвижувања на воланот.
Од РСБСП бараат од возачите да бидат одговорни и совесни, и да возат безбедно во зимски услови.