Промовирани огласи »

Четири работни денови наместо пет се воведени во Британија. Скратена работна недела веќе има во повеќе земји. 

3.000 работници во 61 компанија во државата учествуваа во пробна четиридневна работна недела минатата година. Од 61 компанија, 56 изјавија дека ќе продолжат со четиридневната недела, барем засега, а 18 рекле дека тоа ќе биде нивна постојана политика.

Компании од пиварници до продавници за риби и чипсови и развоен софтвер до фирми за регрутирање, им овозможија на работниците да доаѓаат на работа четири дена, меѓу јуни и декември лани.  Извештајот за проценка на влијанието, според Би-Би-Си, покажа дека тоа има „огромни придобивки“ за вработените.

Пред сите да се одлучат за четиридневна недела со целосна плата, работодавачите ќе треба да видат колку е зголемувањето на продуктивноста, пишува Би-Би-Си.

Работниците ќе треба да креираат услуги и производи за четири дена што ги создаваа за пет, за да заработат доволно пари. Ваквиот раст на продуктивноста се покажа како несовладлив предизвик за економијата на Велика Британија, се нагласува во текстот.

Данска, Исланд, Шпанија, Нов Зеланд се земји каде овој модел е тестиран. 

foto freepik.com/ArtPhoto_studio

Промовирани огласи »

Општина Гази Баба сака да стави крај на сообраќајниот хаос во Автокоманда, па поради тоа се планира воведување на зонско паркирање.

Проектот вечерва ќе биде презентиран во 19.00 часот во Домот на културата „Димитар Влахов“, по кој ќе бидат познати повеќе детали, иако „Вечер“ веќе објави како ќе се движат цените.

Жителите на Автокоманда ќе може бесплатно да паркираат по две возила на секое домаќинство, додека останатите ќе треба да плаќаат по 25 денари за час. Се очекува да биде имплементирана и гостинска паркинг-карта која ќе чини 10 денари од час, како и месечна карта за службено возило која ќе се наплаќа 300 денари.

Промовирани огласи »

Владата на денешната седница на предлог на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска усвои сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор.

Овие мерки, како што информираат од владината прес-служба, следуваат по серијата активности за координација со донаторите и чинителите во областа на сајбер безбедноста, а со цел градење на отпорност кај јавните институции кои се почесто се цел на сајбер напади, а чија цел е оневозможување на системите кои даваат услуги кон граѓаните и има директни, видливи и сериозни последици врз нивниот живот.

Во таа насока, Владата ги задолжи органите на државната управа, а им укажа на институциите кои не се органи на државна управа, да определат лице одговорно за информациска безбедност во нивните организации со цел навремено пријавување на инциденти и размена на информации за инциденти, ранливост, закани и ризици поврзани со безбедноста на информациските системи до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT.

Органите на државната управа исто така се должни, а на институциите кои не се органи на државна управа им се укажува, да достават одредени информации до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, како би се регистрирале/ажурирале за услугите на Центарот.

Се задолжуваат органите на државната управа, а им се укажува на институциите кои не се органи на државна управа, сите вработени задолжително да се регистрираат и да завршат обука за сајбер безбедност за вработени во јавна администрација.

Истовремено, органите на државната управа неопходно е да направат план за реализација и да ги предвидат финансиските импликации на мерките на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, се наведува во соопштението. Владата му препорача на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT при Агенцијата за електронски комуникации да достави до Владата извештај за спроведена бесплатна надворешна сајбер-безбедносна проверка на веб-апликации на пријавените институции.

Усвоените мерки се високо приоритетни заради заштита на ИТ системите на институциите од јавниот сектор, поради што Владата препорача овие мерки да се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор, со првенствена цел да се заштитат системите за услуги кон граѓаните.

Промовирани огласи »

Веќе нема многу разлика дали бурекџијата ќе работи тука или во Германија, цените им се скоро изедначени.

Просечната старост на вработените во пекарската индустрија е 57 години. Кога ќе одат во пензија, не ќе има кој да ги замени. Компаниите од оваа област и сега се соочуваат со проблеми поради недостиг на квалификуван кадар. Младите воопшто немаат интерес за пекарската струка, ниту се заинтересирани да бидат сопственици на пекарници, покажува најновата анализа на Стопанската комора.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, ситуацијата е алармантна, а дополнително ја комплицира тоа што дел од процесите во пекарската индустрија не може да се автоматизираат за да се компензира кадарот.

Во големата пекарска индустрија најмногу недостигаат месачи, обликувачи на тесто и пекари, а во малата и микро пекарска индустрија стопанствениците кубурат со пекари и бурекџии. Проблемот е сериозен и треба системски и институционално да се решава. Една од опциите е да се предвиди субвенционирање на работодавачите или работниците кои ќе ги одберат овие занимања во пекарската индустрија зашто идниот период може да дојде до блокада во работењето и до зголемување на цените на секојдневните пекарски производи и печива од рачна изработка, истакна Наташа Јаневска од Комората.

Комората најавува поддршка за своите членки преку преквалификација и доквалификација за бараните вештини.

Почнуваме со обука за пекари во соработка со пекарницата „Пастел“ која се соочи со потребата од обучен кадар. Станува збор за верификувана, модуларно дизајнирана програма, изработена на барање на „Пастел“, која содржи теоретски и практичен дел. Лицата ќе бидат обучувани од искусен практичар, додека трае обуката ќе добиваат парични средства, а потоа, по завршувањето на обуката ќе бидат и вработени во фирмата, нагласи Јаневска.

Според Игор Стојановски од „Пастел“, проблемот со немањето кадар во пекарската индустрија е исклучително сериозен.

Драстично се качува цената на трудот на постојните работници – пекари. Веќе нема многу разлика дали бурекџијата ќе работи тука или во Германија, цените им се скоро изедначени. Не се исти, но полека ги стигнуваат зашто, едноставно, нема кој да работи, рече Стојановски.

За обуката веќе има четири кандидати, сите се жени, на возраст од околу 50 години. Тие сакаат да се преквалификуваат зашто бараат работа.

Млади засега не се пријавиле, потенцира Стојановски, додавајќи дека во пекарската индустрија просечната плата е над 30 000 денари, а достигнува и до 60 000. Притоа, платата е во процес на раст.

Според последната анализа на Стопанската комора, 82 отсто од компаниите се обиделе да обезбедат кадар со потребни вештини, но не успеале во целост, 45 проценти од компаниите причината ја гледаат во ограничениот број кандидати со соодветни квалификации и работно искуство, додека 42 процента сметаат дека кандидатите имаат некои соодветни теоретски знаења.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »