Промовирани огласи »

Саем на мебел од 23 март до 2 април во „Борис Трајковски“

Саемот на мебел е прв од трите пролетни саеми што ќе се одржат во комплексот „Борис Трајковски“

“Саем на мебел“ ќе се одржи од 29.март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“. Саемот ќе го користи целокупниот внатрешен затворен капацитет, како и монтажни објекти кои ги задоволуваат критериумите на саемско претставување. Просторот ќе биде соодветно адаптиран по највисоки стандарди.

Саемското претставување ќе трае 5 дена, на кое се очекува бројни домашни производители на мебел да ги претстават своите најнови изданија, како и интернационални брендови, кои се присутни на пазарот преку нивните застапници.

„Саемот на мебел“ е една од најатрактивните манифестации поради концептот сè на едно место и поради оригиналните идеи за уредување на домот.

Скопски саем ги најавува и следните два саеми во пролет:

“Саем на книга” исто така ќе се одржи во пролетниот термин од 04 до 10 мај 2023 и ќе го одбележи својот 35-ти јубилеј на одржување.

Во периодот од 7 до 9 јуни 2023 ќе се одржи и “Саемот на транспорт” каде ќе бидат претставени товарни и комерцијални возила пред деловната публика.

Промовирани огласи »

Интервју со Елена Мановска - генерален менаџер во Majorel

(ВИДЕО) Погледнете го интервјуто на Елена Мановска - генерален менаџер во Majorel

Во соработка со нашите драги клиенти Majorel со кои веќе подолго време работиме на проширување на нивните тимови направивме интервју со Г-ѓа Елена Мановска - генерален менаџер во Majorel. Таа за KARIERA.mk даде одговор на важните прашања поврзани со компанијата како вистински професионалец во областа која што работи.

Majorel дизајнира, гради и испорачува висококлвалитетна корисничка подршка за многу светски водечки брендови. Ги сервисира клиентите ширум светот со преку 82,000 + вработени, лоцирани во 45 земји на 5 континенти на 60 јазици.

Во Majorel се наградува оригиналноста, поттикнува креативното самоизразување и им ја дава на вработените слободата да бидат свои. Овој пристап е отелотворен во заеднички вредности на компанијата: креативност, извонредност и почит. Во срцето на Скопје, горди на победничкиот мултикултурен тим и уникатната бизнис култура, Majorel Македонија нуди извонредни можности за вашата кариера. Како наши клиенти заеднички допринесуваме и ги формираме идните тимови, затоа не се двоумете да аплицирате и станете дел од победничкиот тим на Majorel!

Целото интервју може да го видите подолу:

Интервју со Елена Мановска - генерален менаџер во Majorel

Тагови: Majorel

Промовирани огласи »

Отворени работни позиции во ГРАНИТ

Погледнете ги сите огласи за вработување во ГРАНИТ

Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

АВТОЕЛЕКТРИЧАР
МЕХАНИЧАР ЗА ГРАДЕЖНА МЕХАНИЗАЦИЈА И ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА
БРАВАР
ВОЗАЧ НА МИКСЕР ЗА БЕТОН
ВОЗАЧ НА КИПЕР

Сите останати активни работни позиции од ГРАНИТ можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Гранит АД

Промовирани огласи »

Како се движат цените низ скопските маркети?

Цените на прехранбените производи и натаму „во слободен раст“.

Цените на прехранбените производи и натаму „во слободен раст“. Граѓаните велат дека веќе се уморни да се жалат бидејќи, како што тврдат, нивните поплаки не се слушнати.

Ако порано, пред година, две можеше да се наполни една кеса со храна, со која може да се „тера“ една недела за 1.500 денари, денес тоа е невозможна мисија. Инфлацијата ги јаде парите, а да сејаде мора, вели една скопјанка.

Според Ценометар вака се движат цените на основните намирници низ скопските маркети.

Килограм банани нема поевтино од 80 денари.

Лимонот над 70, јаболката над 20 денари за килограм. За килогарм компир од маркет ќе треба да издвоите над 40 денари, зависно од маркетот.

Килограм брашно е најевтино во Стокомак – 38 денари, додека во останатите маркети е од 39-49 денари.

За пакет од 900 грама шеќер ќе платите над 50 денари. Зејтинот е од 106-135 денари. За табла јајца (30 јајца) ќе платите од 279-30 денари или 10 денари по јајце. Млакото чини над 70 денари за литар тетрапак.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »