Промовирани огласи »

KARIERA.mk со радост ви ја најавува најновата работилница на 30.03.2023 во Skopje Marriott Hotel за сите кои сакаат да научат како да го создадат совршениот брендинг за својата компанија! Предавач на работилница ќе биде Kremena Yordanova, Director Marketing Activations во Adidas Амстердам!

На работилницата ќе се работи на практични предизвици и решенија како да стигнете до совршен брендинг за вашата компанија. Работилницата е наменета за сите ентузијасти, млади претприемачи, претставници од добро позиционирани компании од почетен степен до сите брендинг експерти од државата и регионот.

EARLY BIRD картите се пуштени во продажба до 17.03.2023 со цена од 2.990 денари истите можете да ги купите ТУКА!

Промовирани огласи »

Во просек, може да бидат потребни до 80 апликации за работа пред да добиете интервју. Дури и ако тоа се најлесните типови на апликации, кои ви дозволуваат едноставно да ја прикачите вашата биографија без рачно да внесувате дополнителни информации, тоа сепак претставува многу потрошено време за пренесување на вашите информации до потенцијалните работодавци.

Сепак, овој исцрпувачки процесе веќе минато. LazyApply користи вештачка интелигенција за да го насочи вашето барање работа и да го направи брзо и ефективно.

LazyApply можеби нема веднаш да ви ја донесе вашата работа од соништата, но може да ви помогне автоматски да испраќате до 150 апликации за работа дневно за да ги зголемите вашите шанси за интервју. Тоа се многу апликации, но можете да ги следите од вашиот центар за аналитика LazyApply, кој ви овозможува да ги следите перформансите на вашата апликација на дневна основа.

Користењето на LazyApply е едноставно. Апликацијата ќе ви постави неколку прашања што веројатно ќе ги најдете на секоја апликација за работа.

Оваа алатка за аплицирање за работа заработи импресивни 4 од 5 ѕвезди на веб-продавницата на Chrome, при што еден корисник напиша:

„Одличен производ со одлични карактеристики. Добивањето е-пошта од LinkedIn никогаш не било толку лесно“.

Промовирани огласи »

Следејќи ги светските трендови во високото образование а со цел да се прилагоди на интересот, потребите и барањата на студентите потшишан е меморандум за соработка помеѓу Универзитетското студентско собрание при УКИМ и KARIERA.mk

Меморандумот беше потпишан од страна на претседателот на универзитетскоито собрание при УКИМ Славчо Темелковски и генаралниот директор на KARIERA.mk Зорица Бужаровска Бошковска.

Формата на долгорочната соработка со Универзитетското студентско собрание ќе се остварува преку, презентација на платформата пред студентите од прв и втор циклус на студии, заеднички проекти од информативен, развоен и научен карактер преку одржување на работилници, саеми и предавања.

Дополнително за сите заинтересирани студенти ќе следи бесплатна активација на МојаКАРИЕРА картичката, соработка во едукативни процеси преку информирање на студентите за нови огласи за работа и пракса, техничка помош на студентите при процесот на барање работа преку кратки обуки за креирање на CV и мотивациско писмо.

Тимот на KARIERA.mk се радува на секоја нова соработка, особено на соработките со младите сојузи кои се глас на иднината. Во наредниот период ќе следи и објава на конкретните датуми за заедничките настани и активности кои ги припремаме во нареднте месеци. Младите луѓе заслужуваат поддршка и директна инклузија и веруваме дека студентите ќе ги најдат своите кариерни можности за развој токму на нашиот сервис!

Промовирани огласи »

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, малопродажниот ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија 6. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведува мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори. На тој начин има вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност. Стратешкиот фокус на PRIMA е развој насочен кон зголемување на трговскиот удел во производството и продажбата на мебел, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Моментално како активни се следниве работни позиции:

СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО КУМАНОВО
МАГАЦИОНЕР ВО ОХРИД
СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО КАВАДАРЦИ
МЕНАЏЕР НА МАЛОПРОДАЖЕН САЛОН ВО КАВАДАРЦИ
СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Доколку се уште го немате пронајдено вашето идеално работно место, сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »