Владините мерки за замрзнување на цените на храната ќе продолжат и во следниот период, „сѐ додека не се постигне финалната цел“, најави вчера вицепремиерот Фатмир Битиќи во гостување на ТВ „21“.
Тој додаде дека Владата може да се одлучи за замрзнување на цените на „сѐ што спаѓа во основните прехранбени производи“.
Вчера донесовме одлука во Влада која дополнително ќе помогне, ги укинавме царинските давачки за тестенините и на прооизводите кои влегуваат во палетата основни прехрамбени производи, што ќе придонесе за намалување на цените - рече вицепремиерот Битиќи кој објасни дека сè што беше подржано со мерките за помош на државата преку субвенционирање на електрична енергија за основните прехрамбени производи, што беше барање на производителите, би требале да имаат пониски цени.
Се додека имаме неморално и неетичко однесување на пазарот од било кој субјект, тоа нема да го толерираме бидејќи граѓанинот мора да се заштити”, рече Битиќи.
Вицепремиерот кажа дека Владата со производителите имaше џентлменски договор за давање помош, како за време на Ковид така и подоцна но некој тоа го злоупотреби, и затоа замрзнувањето на цената на лебот е одговор на злоупотребата од страна на економските оператори, и така ќе се постапува и со млекото и со млечните производи кои имаат вештачки зголемени цени.
За потсетување минатата недела, Владата одлучи да ја замрзне цената на белиот и полубелиот на 33 денари до крајот на мај, а министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе се замрзнуваат и цените на некои млечни производи, за што анализите ќе бидат готови до крајот на неделава.
Дел од млекарниците на ова одговорија со намалување на цените, пред сѐ поизвесната владина одлука со која ќе мораат да ги намалат.