Промовирани огласи »

Најпопуларната манифестација на домашната сцена – Златната бубамара на популарноста 2023 – е во фаза на завршното дотерување на овогодишната 26-та церемонија што ќе се одржи на 16 март во салата „Борис Трајковски“.

Во духот на штедењето како главна одлика на изминатата година, овогодишното мото на Златната бубамара е „Да ги наполниме батериите на евтина струја“ (со подваријанта „... или на скапа тарифа“), а штедливоста и енергетската ефикасност на свој, сатиричен и хумористичен, начин ги обликуваа скечовите и содржините на овогодишниот спектакл.

Енергетски ефикасниот штаб кој ја подготвува манифестацијата, како и секогаш, ги чува содржините во врвна тајност, но ги најавува најголемите естрадни и спортски ѕвезди – од домашната и регионалната сцена.

Веќе се објавени и двата постери за овогодишната 26. Златна Бубамара. Едниот со мотото на овогодишниот спектакл го изработи нашиот традиционален соработник, графичкиот дизајнер Ласко Ѓуровски, а другиот постер - со остарените и залежани суперхерои кои нестрпливо ја чекаат Златната Бубамара за да се размрдаат - го изработи младиот стрип-цртач Никола Димов. Како екстра додадена вредност – годинава Златната бубамара ќе добие и стрип!

Како и секоја година, интересот за билети е огромен. Речиси 90 проценти од пуштените билети во продажба се веќе продадени, но на барање на публиката денес се пуштени во продажба последните 300 билети.

Ве очекуваме на 26-то издание на Златната Бубамара.

Да штедиме и да не се штедиме!!!

Промовирани огласи »

Уште една голема крипто банка исчезна, при што Министерството за финансии, FDIC и Федералните резерви наведуваат „системски ризик“ кај Signature, додека ветуваат дека штедачите на банката во Силиконската долина ќе имаат пристап до сите нивни средства во понеделник.

Signature Bank, една од двете големи американски дестинации за крипто компаниите, е затворена од регулаторите во Њујорк.

Ова е трета голема банка која падна во период од една недела, а инвеститорите се исплашени. Заедничката најава дека штедачите ќе бидат заштитени над 250.000 американски долари гарантирани од FDIC се чини дека има за цел да ги увери банкарските клиенти дека нивните пари нема да бидат замрзнати. Signature имаше депозити од 88,59 милијарди долари на 31 декември 2022 година. Одделот за финансиски услуги во Њујорк ја презеде банката во сопственост.

Промовирани огласи »

Утврдувањето на новиот износ на минимална плата е на дневен ред на денешната седница на Економско социјалниот совет што ќе се одржи во Владата на Република Северна Македонија.

Со седницата на Економско социјален совет ќе претседава министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

По завршувањето на седницата предвидени се изјави за медиуми на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и на министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Промовирани огласи »

Зголемените цени и пазарната неизвесност го одбележаа секторот на недвижности ширум светот во 2022 година. Високата побарувачка, повлекувањето на инвеститорите и се поскапите кредити целосно го нарушија пазарот и драстично ги покачија цените на квадратурата и закупот на недвижен имот. Сега, се чини, се појавуваат нови околности и тоа значи дека треба да очекуваме пресврт и на овој план.

По период на скокови на цената на квадратите и до 30 отсто, градежната активност забавува и во Србија. Се намалува бројот на одобрени градежни дозволи, инвеститорите стануваат повнимателни и тоа несомнено го менува односот понуда и побарувачка на пазарот, а со тоа и цената.

По повеќе од 20 години поскапување на недвижностите, оваа година очекуваме пазарот да се смири. Пазарот на недвижности полека влегува во помирна фаза - изјави Борко Драшковиќ, директор на Републичкиот геодетски завод.

Тој потсети дека нагло поскапување имавме во периодот од средината на 2001 година до крајот на 2022 година.

Сега очекуваме дека пазарот ќе се смири. Тоа не значи дека ќе има пад на цените на недвижностите, туку, како што вели, само ќе влеземе во мирен период што се однесува до пазарот на недвижности. Нè очекува многу предвидлив период - изјави Драшковиќ.

Блиц.бизнис

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »