Промовирани огласи »

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на Рагуза Груп.

Рагуза Груп е современ евент центар специфичен по својата локација и амбиент. Оплеменет е со модерен минималистички ентериер и нота на софистицираност со цел да ги дизајнира вашите најважни настани од животот. Прославете во уникатен простор и луксузен амбиент, совршено надополнет со прекрасниот поглед на Скопје.

Бидејќи задоволните клиенти се наш приоритет, константно го прошируваме својот тим во нашите комплекси Парк Ресторан, Kinder Park - Kids club & restaurant и Ragusa 919 - Weddings|Event Center!

Моментално се отворени следниве работни позиции:

ПОМОШНИЦИ ВО КУЈНА
ШАНКЕР/КА
КЕЛНЕР/КА
ГОТВАЧ/КА

Се уште сте невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика реши од полноќ да поевтинат дел од нафтените деривати.

Цените на бензинот БС-95 и дизелот се намалува за два денари, додека на БС-98 останува иста.

Тоа значи дека по полноќ БС-95 ќе се продава по цена од 81,5 денари, додека дизелот ќе чини 75,5 денари, додека БС-98 ќе се продава по цена од 85,5 денари.

Промовирани огласи »

Среќни сме што можеме да објавиме дека Кремена Јорданова, Director Marketing Activations, во Адидас, Амстердам, ќе ја води нашата претстојна работилница за брендирање!

Со повеќе од една деценија искуство во индустријата, Кремена е составен дел на многу големи тимови, вклучувајќи ги и Retail, Footlocker и ecom. Таа има докажано искуство за постигнување резултати со комбинирање на донесување одлуки водени од податоци со интуиција за водење на стратегијата.

Кремена е вистински лидер кој ги става градењето на тим и иновациите како главен приоритет. Таа ја започна својата кариера во синџирот на снабдување во Адидас во 2007 година, но нејзината страст за дигитален маркетинг и брендинг ја доведе до нови кариерни предизвици со текот на годините. Со своето долгогодишно искуство во малопродажба, односи со клиенти и ecom, Кремена ги усоврши своите вештини и стана експерт во својата област.

За време на работилницата за брендирање организирана од Кариера.мк.Кремена ќе ги води учесниците низ процесот за истражување и како да ги искористат прибраните информации за да создадат препознатлив идентитет на брендот.

Во прилог агендата:

SESSION 1 - 9:00-10:30

Building and Measuring Strong Brands: Examples and Best Practices

  • What is a brand?
  • Key qualities of branding
  • Ingredients for building brands
  • Brand Authority & Relevance

SESSION 2 - 10:55 - 12:00

Overcoming Branding Challenges in Today's Market: A Regional Perspective

  • Тhe Workshop Main challenges brands OF ANY SIZE   
  • Working on A plan together
  • Examples of Reebok brand during the past decade
  • Best practices and humble learnings - where we totally missed the mark?
  • Brand metrics. The trap of measuring it all
  • Table talks and specific tasks
  • q&a 12:00

Под нејзино водство присутните ќе добијат корисни практити и искуства за градење бренд и како да се истакнува од останатите

Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да научите од Кремена Јорданова, вистински лидер во индустријата за активации и брендирањето и дигиталниот маркетинг. Купете карти ТУКА за нашата работилница за брендирање и направете го првиот чекор кон создавање на бренд кој ќе остави вистински впечаток кај вашата публика.

Промовирани огласи »

Во маркетите од денеска треба да се продаваат тестенини со намалени цени за 15 проценти, а дел од млечните производи за 10 проценти.

Министерството за економија се уште анализира дали ќе ја прошири владината одлука за замрзнати цени и за јајцата, шеќерот и оризот. Не е исклучена можноста за такво нешто и кај зеленчукот и овошјето ако трговците и производителите не ги следат светските текови за намалување на цените.

Согласно со одлуките на Владата, од денеска ќе бидат замрзнати цените на тестенитете (макароните и шпагетите), кои на полиците во маркетите ќе бидат пониски за 15 проценти, како и на млечните производи (кравјо млеко 2,8 проценти,3,2 проценти, 3,5 проценти,  јогурт, кисело млеко, павлака, кравјо и мешано бело сирење и кравји кашкавал) кои пак бидат пониски за 10 проценти.

Ако цените се нелогични и по 31 мај, како што рече министерот за економија Крешник Бектеши, ќе следи повторно замрзнување.

Дополнително, Министерството за економија прави анализи за проширување на одлуката за замрзнување на цените на другите основни производи кои беа опфатени во Одлуката за замрзнување на маржата, односно за јајца од кокошка, македонски ориз и бел шеќер.

Анализите, според Бектеши, се очекува да завршат до петок.

Штом ќе бидат готови анализите на податоците за овие производи ќе донесеме одлука дали мерката за замрзнување на цените ќе се прошири и кај нив. Сите одлуки ги носиме заедно со здруженијата и коморите. Очекуваме солидарност од сите стопанственици во нашата држава за кризата да не биде на грбот на граѓаните, изјави вчера министерот Бектеши за МИА. 

Вицепремот за економски прашања Фатмир Битиќи, пак, вели  дека анализата на движењата на пазарот покажува оти со завршување на грејната сезона во Европа, и цените на берзата почнале да паѓаат речиси за сите прехранбени производи. И нашите трговци и производители, според него, ќе треба да ги следат тековите во светот.

Ако основните суровини паѓаат, не може цените да останат исти. Цените ќе треба да паѓаат. Како што ги презедовме мерките за основните прехранбени производи – леб, тестенини, млеко и млечни производи, навестивме низа други продукти, ќе ги следиме и другите производи, и ако трговците и производителите сами не реагираат – има јасна порака од Владата: граѓаните нема да ги оставиме сами и ќе донесеме одлука во интерес на граѓаните, рече Битиќи  на новинарско прашања за можна интервенција кај цената на зеленчукот и овошјето. 

За тие што нема да ги намалат, како што рече, замрзнувањето на цената е доволно како мерка и е и најтешка одлука за нив. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе се следат цените на влезните елементи во земјоделското производство и има одредени намалувања на цените на вештачкото ѓубриво и на други суровини. 

Министерството земјоделство, како што изјави тој вчера, успева во обврската да интервенира за да ги намали трошоците на земјоделците при производство на храна и да го одржи и зголеми домашното производство.  

Во однос на тоа дали МЗШВ има механизам да ги заштити сточарите поради замрзнувањето на цената на млекото од утре, Николовски наведе дека Министерството дава поддршка преку субвенции и други програми на сточарите за зголемените трошоци во производството.

Минатата година поддршката беше во делот на поледелското производство, на житните култури, за да се одржи и зголеми производството, а оваа година, зависно од потребите и барањата на подсекториските групи, има доволно средства да се интервенира дополнително и во делот на сточарството, за дополнителна поддршка на млекото и за се за што во тек на годината имаат потреба и земјоделците и сточарите, изјави Николовски, на настан за презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци.

Владата на 28-ми минатиот месец ја замрзна и цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.  

Примената на владините одлуки ја контролира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а казните за непочитување изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »