Промовирани огласи »

Повеќе милијардери го посетувале Универзитетот во Пенсилванија, од кој и да било друг универзитет во светот, според последниот извештај на Wealth-X.

Вкупно 25 од милијардерите во светот во моментов добиле диплома од Универзитетот во Пенсилванија. Други универзитети, кои можат да се пофалат со слични достигнувања, се Харвардскиот универзитет со 22 милијардери и Универзитетот Јеил со 20.

Американските универзитети доминираат во овој ранг, заземајќи 16 од првите 20 места, вклучувајќи ги и првите осум позиции.

Еве кои се 20-те универзитети, од кои излегле најмногу милијардери, според Wealth-X:

1. Универзитет на Пенсилванија – 25

2. Универзитетот Харвард – 22

3. Универзитетот Јеил – 20

4. Универзитет на Јужна Калифорнија – 16

5 . Универзитетот Корнел – 14

6. Универзитетот Принстон – 14

7. Универзитетот Стенфорд – 14

8. Универзитет на Калифорнија, Беркли – 12

9. Универзитет на Мумбаи (Индија) – 12

10. Лондонската школа за економија (Велика Британија) – 11

11. Московскиот државен универзитет М.В. Ломоносов (Русија) – 11

12. Колеџ Дартмут – 10

13. Универзитетот во Мичиген – 10

14. Универзитет на Тексас – 10

15. Универзитетот Дјук – 9

16. Њујоршки универзитет – 9

17. Универзитетот Браун – 8

18. Колумбискиот универзитет – 8

19 . МИТ – 7

20. Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих – 6

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

На европските пазари, утрово се тргува внимателно откако цените на акциите вчера го достигна највисоко ниво во последните 11 месеци.

Stoxx 600 индексот предвојејќи ги европски акции околу 9:30 часот беше во позитива 0,2 отсто, откако вчера се зголеми за 0,9 проценти што е највисоко ниво во 11 месеци.
Лондонскиот FTSE и парискиот CAC околу 9.30 часот беа во минус 0,1 отсто, додека франкфуртскиот DAX зајакна за толку.

Од почетокот на недела добивката на европскиот STOXX 600 индекс изнесува околу 0,9 отсто, што се должи благодарение на силниот раст на цените на акциите на банките во последните неколку дена.

На овој сектор подршка му обезбеди одлуката на американската централна банка која во средата ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени, како и нејзиниот сигнал дека до следната година цената на пари може да расте побрзо отколку што претходно се очекуваше.

Подршка на пазарите овозможува и стабилната цена на нафтата, по значителни флуктуации во средината на неделата. На лондонскиот пазар цената за барел утринава поскапе за 0,5 отсто, на 54,27 долари.

И на азиските берзи утрово се тргува внимателно, па MSCI индексот на акции Азија-Пацифик надвор од Јапонија, околу 9:30 часот беше во плус за 0,2 отсто, откако вчера склизна за 1,8 отсто.

Промовирани огласи »

Властите во Париз, главниот град на Франција, објави дека јавниот трнаспорт во петок ќе биде бесплатен затоа што нивоата на загаденост на воздухот се повторно високи.

Јавниот транспорт е бесплатен во петок затоа што денеска на улиците на Париз може да се возат возила со парни броеви на регистарските таблички.

Потегот доаѓа откако беа измерени високи нивоа на загаденост на воздухот во градот, по четирите дена бесплатен транспорт и рестрикции во сообраќајот во текот на минатата недела.

Властите очекуваат состојбата да се влоши во сабота.

Полицијата објави дека ќе го мониторираат центарот на Париз и 22 околни града за да се осигураат дека возачите се придржуваат до рестрикциите во сообраќајот.

Минатата недела слични рестрикции беа воведени од вторникот до петокот откако во воздухот беа измерени 80 микрограми на еден кубен метар воздух PM10 четички.

Загадувањето е потпомогнато и од студеното време, сувото време и временски услови во кои речиси да нема ветар, со што загадувачките елементи се заробени во градот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »