Промовирани огласи »

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп.

Моментално вработува:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ – КАВАДАРЦИ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СИТИ МОЛ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ ВЕРО ЏАМБО
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ РАМСТОР

Доколку се уште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Целта на годишните одмори или продолжените викенди е токму таа: да одморите и да паузирате, со надеж дека нема да се будите во паника да проверувате мејл на телефон и да се прашувате која година е и дали доцните на работа.

Враќањето на работа по одмор може да изгледа како вистински пекол затоа што сте заборавиле сѐ и ве чека планина од обврски што треба да ги завршите што е можно поскоро. Но, постои решение како да си го олесните почетокот.

  • Направете листа на приоритети
  • Вклучете ги колегите
  • Поставете автоматски одговор за телефонот и мејлот
  • Оставете го вашиот работен простор уреден и чист
  • Означете важни датуми во календарот
  • Правете редовни паузи

Иако „исклучувањето“ е супер и треба да го направите тоа за да се вратите свежи и одморени на работа, треба сепак да имате на ум дека после продолжениот празничен викенд или годишниот одмор треба да се вратите на работа и повторно да давате 100%.

Промовирани огласи »

Мајорел и Водафон ја проширија својата соработка во областа на грижа за корисници.

Мајорел, глобален лидер во кориснички услуги, има задоволство да работи со Водафон, една од најголемите телекомуникациски компании во светот. Целта на оваа соработка е да се обезбеди најдобра поддршка за клиентите на Водафон. Преку ова партнерство, клиентите на Водафон имаат пристап до експерти кои се тука да им дадат совети и помош за било кое прашање.

Мајорел ќе обезбеди поддршка на германски јазик со својот тим во Скопје, кој се состои од високо квалификувани специјалисти за корисничка поддршка.

Како член на тимот во Мајорел, ќе имате можност да работите во динамична средина каде што вашите вештини и таленти се признати и наградени. Кандидатите треба течно да зборуваат германски јазик, да располагаат со одлични комуникациски вештини и да се во состојба да работат со податоци и алатки во најразлични апликации.  Вештините за продажба, мотивацијата како и способноста за учење ќе бидат исто така високо ценети.

Мајорел нуди плата од 800 евра месечно, месечни бонуси и други бенефиции како и приватно здравствено осигурување, платени обуки и програми за добросостојба. Покрај тоа, Мајорел доделува 24.600,00 мкд (денари) како надоместок за годишен одмор и 22 дена одмор. Истовремено, постои можност за флексибилен распоред и постојан договор со полно или скратено работно време со 4-месечен пробен период.

Во Мајорел, благосостојбата на вработените е на прво место, поради што нудиме низа програми и активности за да им помогнеме на нашите вработени да одржуваат здрав баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Ако зборувате течно германски и сакате да работите во динамична, меѓународна средина полна со возбудливи можности за кариерен развој, тогаш ова е позицијата за вас.

Не пропуштајте шанса да станете дел од нашиот тим и да го достигнете вашиот целосен потенцијал работејќи во Мајорел, сертифициран како Great Place to Work.

Пријави се веднаш на следниов линк.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk најавува HR работилница на 19.5.2023 со Stefanie Wittenbecher, Head of Learning & Development во DHL, Germany.

Најдобрите HR практики директно од една од најмоќните компании во светот во Скопје!

Настан кој ќе опфати интересни теми за тоа како да се изгради победнички тим и идеи и начини за задржување на луѓето кои се потребни во секоја компанија!

Marriott Hotel, Скопје / 19.05.2023

Купете карти на https://kariera.mk/events, а за повеќе информации или групни карти контактирајте не на 077 888 722  или пак на [email protected]

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »