Промовирани огласи »

Дали некогаш ви се случува навистина да сте задоволни од сработеното на вработените во компанијата и немате идеја како да ги наградите?

Поголемиот дел од нас би рекле дека зголемување на платата или пак еднократен бонус навистина мотивира.

Меѓутоа постојат и други иновативни начини како да ги мотивирате и наградите вашите вработени нарениот пат кога ќе завршат некоја задача беспекорно

Финансиски награди

  • Зголемување на плата
  • Парични награди по секоја успешно комплетирана задача или проект
  • Бонуси
  • Платен одмор за нив и нивните семејства
  • Платено животно осигурување за одреден период
  • Платена школарина за нивните деца

Нефинансиски награди

  • Да биде респектирана личност во компанијата
  • Да има подобра репутација меѓу колегите
  • Да има привилегии во независно донесување на одлуки
  • Да добие централно биро во канцеларијата
  • Да добие повеќе слободни денови во годината

Промовирани огласи »

Власта почна постапка за измена на Законот за здравствената заштита, со кој, меѓу другото, е уредено раководењето со јавните здравствени установи.

Со членот 105 е предвидено во јавна здравствена установа – здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт да се именуваат двајца директори, и тоа организациски директор и медицински директор, кои се одговорни за работењето на јавната здравствена установа и за обврските што се преземаат во правниот промет во согласност со надлежностите утврдени со овој или друг закон, подзаконските прописи и менаџерскиот договор.

Во образложението пишува дека досегашното искуство во примената покажало низа слабости во јавните здравствени установи во кои беа именувани двајца директори поради несоработка на лицата што беа именувани за директори, при што се јавуваа практични проблеми за реализација на акти и постапки каде што се бара согласност на двете лица.

Власта предвидува да се воспостави поефикасно и поефективно организирање на работата во установите со организациска поставеност во која лицето именувано за директор ќе биде одговорно за работата на установата и да се намалат трошоците поврзани со платите и другите трошоци за работење во јавните здравствени установи- здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт.

Промовирани огласи »

За еден бизнис речиси е најважно да ја го задржи вниманието и нивото на услуга и квалитет кај потрошувачите. Токму ова со еден збор се означува како репутација.

Истата, се стекнува доста тешко и понекогаш не е доволно само да се плати скапа реклама на радио или телевизија за да дојдете до висока репутација.

Бидејќи согласно ова репутацијата претставува едно мислење на некој друг,  потешко e да се влијае директно од страна на претприемачот. Иако, не е и неможно.

Издвојуваме неколку начини низ кои ја согледуваме репутацијата на една фирма, производ или пак услуга:

Јавно мислење - Какво мислење има јавноста за Вас како претприемач и за Вашиот бизнис?
Социјална евалуација - Како заедницата ве евалуира Вас како претприемач и Вашиот бизнис?
Идентитет дефиниран од страна на други луѓе - Каков идентитет ви даваат другите луѓе?

Промовирани огласи »

Власта почнува постапка за ревидирање на Законот за административните службеници, чии измени предвидуваат поедноставна селекција, унапредување и оценување на административците.

На Единствениот електронски национален регистар на прописи (ЕНЕР) објавено е дека делот од испитот за проверка на интелектуалниот капацитет и тестот на личност содржани во актуелниот закон ја усложнуваат постапката за селекција на кандидати за вработување, а притоа не придонесуваат за вработувања врз основа на заслуги.

„Нецелисходни се и барањата за меѓународно признатите сертификати за познавање еден од трите светски јазици, што претставува и финансиско оптоварување за кандидатите без извесност за сигурно вработување“, пишува во образложението на Министерството за информатичко општество и администрација.

Во однос на постапката за унапредување, во образложението пишува дека сегашното решение во согласност со кое административен службеник може на интерен оглас да се унапреди само во едно повисоко ниво доведува до неможност за кариерен развој на административни службеници кои подолго време се на најниски нивоа во рамките на категоријата. Во Законот е регулирано дека оценувањето резултира со мерки за одличен и слаб ефект.

Цел на предлог-законот е административните службеници да имаат подобрени и поедноставени постапки за селекција, унапредување и оценување на административните службеници, со што ќе се зголеми бројот на компетентни кандидати за вработување.

„Со предлог законот за изменувања и дополнувања на Законот за административни службеници, се предвидува целосно укинување на тестот на личност и тестот за интелектуалниот капацитет, бидејќи овие тестови само ја усложнуваат постапката за селекција на кандидати за вработување, а притоа значително не придонесуваат за вработувања врз основа на заслуги. Во однос на тестот за познавање на странски јазик, со актуелното законско решение – поседување на меѓународно признат сертификат – претставува финансиско оптоварување за кандидатите без извесност за сигурно вработување. Со предложените измени, трошоците за проверка на познавање на еден од трите најчесто говорени јазици во Европската Унија (англиски, француски и германски) ќе бидат сносени од државата, а тестот за проверка на познавање на странски јазик ќе биде составен дел од испитот за административни службеници“, велат за Макфакс од Министерството за информатичко општество.

Временската рамка за изготвување на предлог-законот е до 8 септември.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »