Промовирани огласи »

Во оние организации во кои се усвоени одредени правила за кодекс на облекување, на идните вработени веќе им се објаснува на интервјуата што е најдобро за нив да носат во канцеларија. Но, таква строга рамка е донесена само во поединечни компании. Во сите останати, кодексот на облекување се однесува на конзервативниот стил на облекување.

Обично постојат четири типа на дрес код или корпоративни кодекси на облекување:

  • Бизнис формален
  • Деловен професионален
  • Бизнис кежуал
  • Кежуал или лежерен кодекс

Ако работите во канцеларија, да се придржувате до строга, но елегантна класика е најкорисната опција.

Иако во многу компании не постои строг дрес код, сепак има некои правила како не би требало да се облекувате за на работа. Не носете облека што премногу открива, трудете се алиштата секогаш да ви бидат уредни и чисти. Одбегнувајте облека со навредливи натписи. Едноставно, облечете се соодветно за профилот на компанијата, а останатата облека носете ја надвор од канцеларите.

Промовирани огласи »

Граѓаните треба да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2022 година што Управата за јавни приходи ги постави на корисничките профили во „е-Персонален данок“, за вкупниот доход кој го оствариле во текот 2022 година. УЈП соопшти дека секој кој е регистриран на системот „е- Персонален данок“ е должен на својот кориснички профил да ја прегледа Годишната даночна пријава за 2022 година и да ја потврди доколку се согласува со податоците содржани во неа, или пак да ја коригира доколку смета дека податоците не се точни.

Посочуваат дека рокот за потврда или корекција на даночната пријава е 31 мај 2023 година и потенцираат дека по истекот на законскиот рок потврдените пријави и пријавите кои ниту биле потврдени, ниту коригирани ќе се сметаат за конечни и ќе добијат таков статус, додека по коригираните даночни пријави ќе се одлучува во рок од 60 дена.

Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2022 година. Кај обврзниците во чија ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по добивањето на конечниот статус на ГДП (по 31 мај 2023), ќе се изгенерира налог за доплата , кој се наоѓа во самата даночна пријава, а кај обврзниците во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, може да искажат барање за враќање  на данокот во самата пријава, соопштија од УЈП.

Апелираат до граѓаните кои оствариле доход во земјата и странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот. 

Промовирани огласи »

Денес, KARIERA.mk беше во посета и дружба на саемот за кариера каде што учествуваа над 60 компании организиран од страна на SOUTH EAST EUROPEAN UNIVERSITY.

На самиот настан имавме прилика да ги запозавме студентите со нашиот продукт, МојаКАРИЕРА картичка, како и придобивките за истата. Студентите освен добиените информации можеа и да се почестат и со КАРИЕРА кафе.

Што добивате ако ја активирате вашата МојаКАРИЕРА картичка: 

Препорака кај компаниите! BASIC

Вашето CV ќе биде директно препорачано до компаниите за каде би соодејствувало. KARIERA.mk има одличен партнерски однос со многу компании од државава па така со ова вашата потрага по совршеното работно место ќе биде многу побрза.

Професионална проверка на вашето CV! PRO

Тимот на KARIERA.mk е составен од професионалци кои секојдневно прегледуваат огромен број на CV-а. Со купување на картичката добивате персонализирана проверка на вашето CV и сугестии за промени и корекции со цел ваше претставување во најдобро светло пред потенцијалниот работодавец.

Видео обука за вештини за вработување!

Сертификат за обуката! 

Платена пракса од 20 часа неделно!

Стручни текстови и совети за кариерен развој!

Дружењето беше одлично, студентите се иднината на пазарот на труд и се секогаш добредојдени членови на нашиот сервис!

Промовирани огласи »

KARIERA.mk најавува HR работилница на 19.5.2023 со Stefanie Wittenbecher, Head of Learning & Development во DHL, Germany.

Најдобрите HR практики директно од една од најмоќните компании во светот во Скопје!

Во продолжение 5 причини зошто да бидете дел од HR работилницата:

  • Ќе дознаете за интересни механизми за задржување на квалитетните луѓе во една компанија;
  • Ќе научите како практично и без многу буџет да ги зголемиш знаењата на луѓето од различни тимови;
  • Ќе дознаете што прави магнат како DHL за да изгради победнички тимови низ светот;
  • Ќе слушнете за најдобрите потврдени HR практики во DHL Германија кои вродиле со плод и успех во изминатите турбулентни години;
  • Ќе се дружите со голем број учесници на настанот кои страсно работат во HR индустријата во нашата држава и секогаш се расположени за нови знаења.

Настан кој ќе опфати интересни теми за тоа како да се изгради победнички тим и идеи и начини за задржување на луѓето кои се потребни во секоја компанија!

Marriott Hotel, Скопје / 19.05.2023

Купете карти на https://kariera.mk/events, а за повеќе информации или групни карти контактирајте не на 077 888 722  или пак на [email protected]

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »