Промовирани огласи »

Просечната годишна плата за полно работно време за вработените во ЕУ во 2021 година изнесувала 33.500 евра, објави Евростат.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, највисока просечна годишна приспособена плата за полно работно време во 2021 година е забележана во Луксембург од 72.200 евра, по што следат Данска (63.300 евра) и Ирска (50.300 евра).

Најниски плати имаат Бугарија (10.300 евра), Унгарија (12.600 евра) и Романија (13.000 евра).

Оваа информација е задолжителна поради Директивата за сина карта, која ја пропишува употребата токму на овој индикатор за одредување на просечната бруто годишна плата за секоја земја-членка на ЕУ, а нејзината цел е да привлече висококвалификувани работници во ЕУ под пофлексибилни услови.

Сината карта е еден вид дозвола за престој и работа наменета за висококвалификувани граѓани кои не се членки на ЕУ кои сакаат да живеат и работат во ЕУ.

Според овие податоци, најголем дел од земјите се под просекот на ЕУ, меѓу земјите од регионот највисока просечна годишна плата има Словенија од 28.760 евра, додека во Хрватска таа е 16.170 евра.

Промовирани огласи »

Парламентот на Португалија го одобри контроверзниот закон за легализирање на активната евтаназија, пренесе ДПА.

На петтиот обид да се донесе предлог-законот преку Собранието на Републиката во Лисабон, пратениците го поддржаа со јасно мнозинство од 129 гласови „за“ и 81 „против“.

Првите четири обиди не успеаја поради вето на претседателот Марсело Ребело де Соуса и поради приговорите на Уставниот суд.

Според уставот, шефот на државата сепак мора да даде согласност и да го одобри законот, кој е неколкупати ревидиран, во рок од осум дена од приемот во претседателската палата.

Активната евтаназија е прекршок во повеќето земји на ЕУ и може да носи тешки затворски казни. Во 2021 година, Шпанија стана четвртата земја што ја легализираше, по Холандија, Белгија и Луксембург.

Промовирани огласи »

Веројатно никој не е изненаден од фактот што работниците во ИТ секторот ќе бидат најбарани и во следниот период. Сепак, се проценува дека работодавците ќе бараат и продавачи, инженери и занаетчии. Работа ќе има за граѓани од сите степени на образование, а платите ќе варираат - од минимални до неколку илјади евра.

Дури и ако се чини дека секој друг човек е ангажиран во некоја работа во ИТ индустријата, сепак постои висок дефицит.

Овој сектор забрзано се развива, а образовниот систем не може да го следи, па иако квотите за упис се зголемуваат, сепак тоа не е доволно, па работните места за програмирање ќе бидат сѐ уште меѓу најбараните.

Патем, ова е секторот во кој може да се заработи најмногу, така што просечната плата е 1.600 евра, но можете да заработите повеќе од 8.000. Исто така, голем број ИТ професионалци немаат формално образование во оваа област, со оглед на зголемениот број на курсеви.

Контрола на летот

На второ место е занимање за кое е задолжително формалното образование, но платите се повеќе од примамливи, а тоа е контролата на летот.

Платите на контролорите на летање се многу високи, особено кога се споредуваат со просечните.

Занаети

И пред пандемијата имаше изразен дефицит на занаетчии, па дури сега доаѓа до израз.Пазарот на трудот и образованието овде не се во хармонија, но можеби уште поголем проблем е тоа што младите не се доволно заинтересирани.

Така се бараат автомеханичари, столари, пекари, водоинсталатери, молери и градежни работници.

Продажба

Трговскиот сектор е баран изминативе 20 години и нема причина да не се повтори годинава.

Платите во овој сектор варираат. Така, вработените во малите продавници често работат за минимум, но во големите компании месечната плата може да биде далеку над просечната.

Електротехника и машинство

Во иднина ќе бидат барани работници и во електротехничкиот и машинскиот сектор.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

НЕХО ИСНИ Д.О.О.Е.Л. е компанија специјализирана за продавници за разни прехранбени производи.

Моментално вработува:

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Krusel e-Store – совршен избор за вашиот дом. Овластен увозник за повеќе брендови на алати, апарати за домаќинство, велосипеди.

Моментално вработува:

ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар како најбрзорастечка банка на пазарот.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА РАБОТА СО ГОТОВИНА

Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да обезбеди широк асортиман на производи на пазарите во Русија, Балканот и земјите на Европската Унија.

Моментално вработува:

КВАЛИФИКУВАНО ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА СТАВАЊЕ НА СЕРИЈА НА ЛЕК ВО ПРОМЕТ

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 28 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени.

Сите активни работни позиции од Тинекс можете да ги најдете ТУКА.

Гентерм е глобална, иновативна компанија –лидер во областа на термални технологии. Креира, развива и произведува уреди за греење, ладењеи вентилација за клиенти од целиот свет.

Моментално ваработува:

CUSTOMER SERVICE SPECIALIST
PROCESS ENGINEER
APQP ENGINEER

GÜLERMAK има широк спектар на услуги е прилагоден да ги задоволи уникатните потреби на преференциите на своите клиенти, кои вклучуваат метро, тунели, железници, HSR, автопатишта трамвај, мостови, вијадукти и хидроелектрични централи, со успешна испорака на повеќе од 30 престижни EPC проекти за метро, трамвај, железница и HSR во Полска, Шведска, ОАЕ, Индија, Турција и Северна Македонија.

Моментално е активно следното работно место:

UTILITY RELOCATION ENGINEER

Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност се главните придобивки од нашата филозофија на одржлив развој.

Моментално е активно следното работно место:

ПРАКТИКАНТ ВО ПРАВНА СЛУЖБА И СЕКТОР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО КУМАНОВО

Доколку се уште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »