За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да...
повеќе за компанијата »Квалификувано лице одговорно за ставање на серија на лек во промет (QP)
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Завршен Фармацевтски факултет со специјализација по испитување и контрола на лекови или специјализација по фармацевтска технологија;
- Најмалку 3 години работно искуство во фармацевтската индустрија;
- Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
- Познавање на англиски јазик;
Одговорност и работни задачи:
- Го следи непреченото функционирање на производство и контрола на секоја серија произведен лек во согласност со законската регулатива и подзаконските акти.
- Потврдува дека секоја серија на лек е произведена и испитана/контролирана во согласност со одобрението за ставање на лек во промет и одобрената спецификација.
- Ја следи, секоја промена во процесите на производство и контрола на квалитет или административна промена да е пријавена во МАЛМЕД и се постапува согласно одобрената промена;
- Самостојно донесува одлука за пуштање и за повлекување на серија лек во/од промет согласно ДПП.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност;
- Способност за тимска работа;
- Работа со дадени рокови;
- Следење на интерните правила и процедури;
- Самоиницијативност и самокритичност.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »