Промовирани огласи »

Почнувајќи од денес па сѐ додека не се потрошат залихите, сите посетители ќе може да уживаат во купување по намалени цени до -70%.

Трговскиот центар Skopje City Mall и оваа летна сезона ја затвора со најголемите финални попусти на речиси сите производи и летни колекции кај реномираните светски и локални брендови собрани на едно место. 

Почнувајќи од денес па сѐ додека не се потрошат залихите, сите посетители ќе може да уживаат во купување по намалени цени до -70% на модните колекции кои го одбележаа ова лето. Љубителите на шопингот знаат дека два пати во годината се организираат најголемите сезонски распродажби кога можат да си набават сѐ што им е потребно по примамливо ниски цени, па така знаат дека кога завршува летото, започнуваат и финалните попусти. 

- Водени од искуствата од претходните години, очекуваме дека потрошувачите ќе го препознаат периодот на најголеми намалувања за претходните колекции, кој ќе резултира со голема посетеност и задоволни купувачи кои ќе обезбедат фантастични парчиња гардероба од најголемите реномирани брендови, а притоа ќе потрошат многу малку пари. Ние секогаш на прво место ги ставаме нашите посетители, па така за оваа распродажба овозможивме на сите производи да може да се види и спореди првата со последната цена. Многу честа слика кај нас се лажните и нереални попусти кои многумина ги нудат, па така ние сакаме да ги заштитиме правата на потрошувачите и да им покажаме дека попустите во Skopje City Mall се секогаш реални и ги исполнуваат нивните очекувања - изјави Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

Од трговскиот центар ги повикуваат сите љубители на шопингот деновиве да го посетат Skopje City Mall, да уживаат во позитивна атмосфера и да го искористат најголемиот сезонски попуст. А оние кои чекаат на новите колекции есен-зима, веќе може да ги најдат во сите продавници на трговскиот центар.

Промовирани огласи »

Кога планот е нешто следно што треба да го направите, секогаш е добро да се прочита што треба да се избегне.

Најдобро е маркетинг планот да биде изработен од професионалци кои многу добро го познаваат пазарот, ситуацијата и конкурентите во областа каде сакате да делувате.

KARIERA.mk извади неколку точки на кои морате да обврнете значајно внимание:

  • Размислување дека маркетинг е само реклама
  • План со недоволни специфичности
  • Премногу потпирање на креативноста
  • Не користење на бројки
  • Заборавање на постоечки потрошувачи во планот

Промовирани огласи »

Дали некогаш ви се случува навистина да сте задоволни од сработеното на вработените во компанијата и немате идеја како да ги наградите?

Поголемиот дел од нас би рекле дека зголемување на платата или пак еднократен бонус навистина мотивира.

Меѓутоа постојат и други иновативни начини како да ги мотивирате и наградите вашите вработени нарениот пат кога ќе завршат некоја задача беспекорно

Финансиски награди

  • Зголемување на плата
  • Парични награди по секоја успешно комплетирана задача или проект
  • Бонуси
  • Платен одмор за нив и нивните семејства
  • Платено животно осигурување за одреден период
  • Платена школарина за нивните деца

Нефинансиски награди

  • Да биде респектирана личност во компанијата
  • Да има подобра репутација меѓу колегите
  • Да има привилегии во независно донесување на одлуки
  • Да добие централно биро во канцеларијата
  • Да добие повеќе слободни денови во годината

Промовирани огласи »

Власта почна постапка за измена на Законот за здравствената заштита, со кој, меѓу другото, е уредено раководењето со јавните здравствени установи.

Со членот 105 е предвидено во јавна здравствена установа – здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт да се именуваат двајца директори, и тоа организациски директор и медицински директор, кои се одговорни за работењето на јавната здравствена установа и за обврските што се преземаат во правниот промет во согласност со надлежностите утврдени со овој или друг закон, подзаконските прописи и менаџерскиот договор.

Во образложението пишува дека досегашното искуство во примената покажало низа слабости во јавните здравствени установи во кои беа именувани двајца директори поради несоработка на лицата што беа именувани за директори, при што се јавуваа практични проблеми за реализација на акти и постапки каде што се бара согласност на двете лица.

Власта предвидува да се воспостави поефикасно и поефективно организирање на работата во установите со организациска поставеност во која лицето именувано за директор ќе биде одговорно за работата на установата и да се намалат трошоците поврзани со платите и другите трошоци за работење во јавните здравствени установи- здравствен дом со над 1.000 вработени, универзитетски клинички центар, универзитетска клиника, клиничка болница, универзитетски институт и институт.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »