Како еден претприемач да се справи со негативниот фидбек?
Знаеме дека секогаш ќе постои негативен фидбек и прв совет за еден претприемaч е ништо да не сфаќа лично.
Трите вида на негативниот фидбек се:
1. Навистина настанал проблем
2. Купувачот има свое цврсто гледање или став за она што го продаваме или даваме како услуга и тој е поразличен од нас
3. Kупувачки штетници кои се хранат со предизвикување на лошо расположение кај луѓе кои се трудат
Па затоа, веднаш штом слушнете негативен коментар или фидбек секој претприемач треба најпрво:
- Да воспостави систем за следење на фидбек од потенцијални и тековни потрошувачи.
- Да одговори на секој фидбек без разлика на тоа дали е позитивен или негативен.
Справување со негативниот фидбек значи одговарање на истиот. Кога ќе знаеме кој фидбек во која група на негативен фидбек спаѓа ќе можеме лесно да одговориме. Еве како би изгледал одговорот на еден претприемач:
Проблем – Решавање на проблем во најбрз можен рок и известување на оној кој го дал фидбекот.
Став или мислење – Обид да се смени тој цврст став или мислење со приложување на докази
Купувачки Штетници – Културен одговор и обид да се смени однесувањето или наједноставно прекин на соработка со овие луѓе