Промовирани огласи »

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка. Почетоците на компанијата биле скромни и пред 20 години, а денес функционираме во четири држави во регионот со над 500 вработени.

Моментално вработува:

ФАКТУРАНТ/КА
МЕНАЏЕР ЗА МЕЃУНАРОДЕН ТРАНСПОРТ
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати пресмета дека синдикалната кошница за мај изнесува 49.025 денари за едно четиричлено семејство за да преживее, а тоа значи дека две минимални плати не можат да ги покријат основните трошоци.

Порталот „Пари“ го анализира трендот на животниот стандард преку синдикалната кошница, просечната и минималнат аплата и утврди дека инфлацијата има големо влијание врз куповната моќ, и покрај растот на платите.

Според статистиката, поголема покриеност на кошницата со просечната плата имало и во време на пандемијата на ковид-19.

Просечната плата за март 2023 година изнесува 34.925 денари, додека синдикалната кошница е 49.025 денари и според „Пари“, покриеноста е 71,2 отсто.

Поголема покриеност имало и во изминатите четири години, иако просечната плата била пониска од сегашната, па така во мај 2022 покриеноста изнесувала 84 отсто, колку и една година претходно.

Во мај 2020 синдикалната кошница изнесувала 33.315 денари, додека просечната плата била 26.390 денари, односно 79,2 отсто, а една година претходно покриеноста била 76,4 отсто.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 05.6.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,803%, кај дизелот за 2,996%, кај екстра лесното масло за 2,977% и кај мазутот зголемувањето е за 2,913%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,122%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,922 ден/кг и сега ќе изнесува 40,526 ден/кг.

Од 13.6.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 40,526 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.6.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Промовирани огласи »

А1 Македонија и оваа година, трет пат по ред ја имплементира програмата за платена пракса, A1 WayUp. Повикот е отворен за 15 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а својата кариера сакаат да ја градат во А1 Македонија во една од следниве области: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.

Практикантите од A1 WayUp имаат можност да започнат да го градат својот кариерен пат со работа на реални проекти заедно со искусните тимови во А1 од кои добиваат целосна поддршка во усовршувањето на своите знаења и можност да стекнат нови вештини.

“Ги отвораме вратите на нова генерација млади за да им понудиме можност за почеток на нивната кариера. Нашата цел е да им пружиме богато работно искуство преку експертизата на ИТ професионалците во А1 Македонија и А1 Телеком Австрија Групацијата во најатрактивните области во дигиталниот свет. Горди сме на нашите практиканти од минатите години кои сега се веќе дел од нашиот А1 тим и оттука и оваа година очекуваме голем интерес од страна на дипломците и успешна реализација на програмата во овој циклус”, изјави Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

Програмата е платена и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата.

Периодот за аплицирање започнува од 12 јуни и трае до 12 јули 2023 година, а сите заинтересирани може да испратат кратка биографија и преку формулар да се пријават за една од позициите предвидени во оваа програма. Процесот на селекција ќе се изврши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.

Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на следниот линк и да бидат дел од A1 WayUp – Generation ’23.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »