Промовирани огласи »

Пред да тргнете на пат, една од најважните работи е да понесете валидни лични документи!

Но, поради невнимание, на некои им се случува да им истечат документите додека патуваат, потоа се крева паника и главното прашање е „што сега?

Токму тоа и се случило на туристка од Србија, која се нашла на одмор во Грција, и побарала помош бидејќи и истекла возачката дозвола.

„Што ако забележите дека вашата возачка дозвола истекла додека сте во Грција? Мислам дека нема многу такви случаи, но секоја информација би била добредојдена“, напиша една туристка во Фејсбук групата „Во живо од Грција“.

Според искуствата, многу опции нема.

„1. Ако имаш друг возач, тој може да го преземе воланот, 2. Можете да платите за да го влечете автомобилот дома, 3. Можете да се преправате дека не сте го виделе“, напиша една жена во коментар.

Имаше и такви кои го споделија своето искуство.

„Знам и полош случај. Во јуни отидовме на море. Требаше да одиме пак во септември, но пет дена пред патувањето, мојот сопруг виде дека возачката му е истечена седум месеци. Среќа што имам возачка , па возев јас.“, „Минатата година одморавме во Албанија, заборавив лична карта и возачка. Никому не кажав, молчам, возам, и за среќа се помина добро“, „Во Грција бевме на почетокот на јуни, а на маж ми му истече дозволата на 4 јуни и на двете граници го предупредија дека набрзо му истекува возачката“ велат искуствата на луѓето.

Еден изјави дека „најчесто не бараат возачка дозвола, туку сообраќајна дозвола и пасош“.

„Согласно нашиот закон, ваша должност е да внимавате и мора да ги поседувате сите валидни документи пред да заминете од државата (што се однесува до пасошот, правило е дека мора да важи најмалку 6 месеци пред да излезете) во спротивно плаќате парична казна во Грција според нивните прописи затоа што имаш неважечки еден документ и верувај ми, тоа е она што најмногу го ловат“, советува друг член на групата.

Претежно имаше такви чиј совет гласеше „Вози, почитувај ги правилата и молете се на Бога да не ве фатат“.

Промовирани огласи »

Швајцарски градови го покачија минималецот на 4.000 евра, но пак има незадоволство. 

Цирих и Винтертур воведуваат минимална плата која ќе изнесува околу 4.000 швајцарски франци месечно или околу 4.075 евра, објави „Јутарњи“. Околу 70 отсто од граѓаните во Цирих ја поддржаа одлуката за зголемување на минималната плата, а во Винтертур поддршката е нешто помала – 65,6 отсто. Имаше и политички партии кои не беа задоволни.

Во Цирих СВП, ФДП, ГЛП и центарот се бореа против воведувањето на минималната плата, вели Перпарим Авдили, претседател на ФДП на градот Цирих, кој е разочаран од резултатот.

Тој вели дека на овој начин не може да се бори против сиромаштијата. Наместо тоа, се изгради бирократија и додава дека таквата одлука секако не придонесува Цирих да стане поатрактивен како деловна дестинација.

Минималецот во Германија е 2,7 пати помал отколку во овие два швајцарски града. Притоа, оваа минимална плата е повисока од просечната плата во Германија, која изнесува 3.810 евра. Во Европската Унија, Луксембург е земја со високи плати и висок минималец. 

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Леар Kорпорејшн е компанијатакоја се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

OPERATORË NË PRODHIM
ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
ТЕХНИЧАР ЗА ДЕКОРАТИВНО ШИЕЊЕ

АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, набрзо скокнавме во бурните преведувачки води и, пловејќи по бранот на барањата на љубителите на пишаниот збор, денес сме сосредоточени на тоа да ги приближиме врвовите од стручната литература и ѕвездите меѓу книжевните дела до македонските читатели.

Моментално вработува:

УРЕДНИК ВО ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ
ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар, како најбрзорастечка банка на пазарот.

Моментално вработува:

ОВЛАСТЕН БРОКЕР ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА РАБОТА СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет.

Моментално вработува:

ПОЛО МАРКЕТ - ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ
М1 - ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ

Во ГУЛЕРМАК, нашиот широк спектар на услуги е прилагоден да ги задоволи уникатните потреби на преференциите на нашите клиенти, кои вклучуваат метро, тунели, железници, HSR, автопатишта трамвај, мостови, вијадукти и хидроелектрични централи, со успешна испорака на повеќе од 30 престижни EPC проекти за метро, трамвај, железница и HSR во Полска, Шведска, ОАЕ, Индија, Турција и Северна Македонија.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕРИ

АМСМ е современа организација во која се обединуваат богатото искуство и современите концепти на работење, карактеристични за потрошувачки ориентираните и модерни организации.

Моментално вработува:

АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР - СПИ НА ПАТ- АМСМ
ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР

Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето на имплементацијата на новите технологии, како и квалитетот на контакт центарот и аутсорсинг услугите. Вклучувајќи го меѓународното знаење на групата со локалната експертиза на компанијата, Mellon Solutions е уникатно позициониран за да ги олесни сигурните и трансформирачките трансакции.

Моментално вработува:

SYSTEM ENGINEER
SOFTWARE ENGINEER
ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА
МАГАЦИОНЕР

Грант Торнтон во Северна Македонија е водечки давател на услуги за ревизија, данок, аутсорсинг и советодавни услуги.

Моментално вработува:

СМЕТКОВОДИТЕЛ
ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Брзото вработување изгледа како тешка задача, особено ако се има предвид дека времето за вработување може да потрае. Долгите процеси на вработување може да остават многу баратели на работа помалку оптимисти кога бараат нова кариера. Ако сакате да направите чекор наскоро, може да се запрашате дали има нешто што можете да направите за да го забрзате долгиот процес.

Што мислите, кој е проблемот и што правите погрешно? Еве неколку грешки.

  • Поминувате 100% од вашето време доставувајќи онлајн-апликации
  • Аплицирате за работа што не одговара на вашата професија
  • Очекувањето дека реченицата „Јас навистина брзо учам“ ќе ви донесе работа
  • Давање CV на луѓе што не ги ни познавате
  • Постојано јавување на работодавците за резултатите

Барањето работа не е лесно, меѓутоа, може да се пронајде совршена формула. Доколку ги елиминирате тактиките што не функционираат и ги замените со поефективни алтернативи, работите ќе тргнат на подобро.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »