Деловен асистент

За компанијата: АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, набрзо скокнавме во бурните преведувачки води и, пловејќи по бранот на барањата на љубителите на... повеќе за компанијата »

АРС СТУДИО вработува

Деловен асистент

АРС СТУДИО има потреба од деловен асистент со или без работно искуство чија одговорност ќе биде следење и организирање на деловни активности, извршување на секојдневните деловни операции во компанијата, изготвување извештаи, помагање во имплементирањето на процедурите и интеракција со клиентите. Тоа подразбира спроведување на сите деловни операции и активности за компанијата, од почеток до крај.

Потребно е кандидатот да има познавање и интерес за образовни политики, формално и неформално образование, превод и толкување, издаваштво, а пожелно е и искуство во работа сo институции, меѓународни организации, компании. Неопходни се одлични способности за пишување, истражување и организирање. Кандидатот би бил во постојана комуникација со клиентите и сите вклучени во проектите, за што се потребни и одлични комуникациски вештини.

Одговорности:

  • Извршување на канцелариски и административни задачи (организација на административните задачи); 
  • Организирање состаноци, работилници, презентации и сл.;
  • Комуникација со странски партнери, комуникација со клиенти и вработени и останати работи по барање на менаџментот;
  • Правни задачи (изработка на договори, решенија, дописи, одлуки и сл.);
  • Финансиски задачи (размена на информации со сметководство, следење на рокови за плаќање, усогласувања со клиенти);
  • Подготовка на договори и архивирање;
  • Подготовка на понуди, испратници, фактури, одобренија и слично;
  • Следење на компаниските правила и процедури;
  • Прием и проследување на повици, прием на нарачки;
  • Организирање на логистиката за дистрибуирање на нарачките;
  • Водење евиденција на побарувања и извршување наплата;
  • Водење на архивата како и познавање на норми за канцелариско работење и Закон за архивска работа;
  • Води грижа за потребите на компанијата од оптимални залихи на канцелариски и други материјали и врши навремено информирање на надлежните за преземање активности за набавка на истите.

Кандидатот треба:

  • Да има завршено високо образование;
  • Претходно искуство во администрација ќе се смета за предност;
  • Познавање на архивско работење;
  • Да има добро познавање и будно да ги следи трендовите во бизнис секторите – образование, превод/толкување и издаваштво;
  • Да поседува одлични вештини за комуникација и пишување;
  • Да биде проактивна и организирана личност, способна да работи на повеќе проекти истовремено и да исполнува рокови;
  • Да биде вешт со компјутери; задолжително познавање на Windows, Microsoft Office, Adobe Acrobat, интернет апликации;
  • Да биде подготвен за индивидуална и тимска работа;
  • Одлично да го познава англискиотјазик;
  • Да има око за детали и аналитика.

Што нудиме:

Позицијата овозможува:

  • Одлични услови, компетитивна плата и можност за напредок;
  • Супер искусен тим;
  • Можност за доквалификации и посета на обуки и семинари;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Можност за проширување на знаењето.

За АРС СТУДИО

АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Kако центар за едукација и издаваштво на книги, се стреми кон обезбедување на високо-квалитетна услуга за одржување на курсеви, реализација на преведувачки услуги, издавачка дејност и продажба на книги, согласно законската регулатива и меѓународните стандарди од оваа област. АРС СТУДИО континуирано го следи степенот на задоволство на клиентите и ги проучува нивните препораки и барања, а притоа истите ги користи за подобрување на карактеристиките на своите производи и услуги. 

Во рамките на АРС Студио можностите да се биде успешен и шансите да напредува се еднакви за сите оние што ќе успеат да се квалификуваат да бидат членови на нашето семејство.

Пријавете се со CV и мотивациско писмо задолжително на следните е-адреси истовремено: [најави се за да го видиш е-маилот] ; [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за „Деловен асистен” ” најдоцна до 4.7.2023 година. Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, ќе бидат контактирани!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »