Уредник во издавачка дејност

За компанијата: АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, набрзо скокнавме во бурните преведувачки води и, пловејќи по бранот на барањата на љубителите на... повеќе за компанијата »

АРС СТУДИО вработува

Уредник во издавачка дејност!

АРС СТУДИО има потреба од Уредник во издавачка дејност со најмалку 2 годишно искуство во издавачка дејност.

Потребно е кандидатот да има познавање од книжевноста, од областа на историјата, психологијата, филозофијата, да има чувство за класична и модерна литература, да е во тек со новите книжевни достигнувања, личност која постојано се надоградува и сака да научи нешто ново, пред сè да има желба за интеракција со луѓе и да овозможи професионална услуга на високо ниво.

Одговорности:

  • Уредување текстови;
  • Подготовка на различни монографски изданија – книги, учебници и сл. за печат во координација со останатиот тим;
  • Комуникација со автори, преведувачи, стручни редактори, лектори и останати партиципиенти во процесот на издавање и нивна организација и координација;
  • Подготовка и имплементација на работен план, изработка на извештаи, следење и постигнување на целите и презентација на остварените резултати;
  • Учество на состаноците на менаџерскиот тим;
  • Контрола на секојдневните активности на сите членови на проектот;
  • Идентификување на потребата од ангажирање на нови учесници во конкретен издавачки проект;
  • Предлагање активности за подобрување на тимот и тимската работа, дистрибуција на релевантни информации до членовите на тимот и поддршка при интеграција на нови членови во тимот во рамките на проектот;
  • Подготовка на апликации за тендери и конкурси поврзани со издавачка дејност;
  • Комуникација со автори, агенции, издавачки куќи за обезбедување авторски права од земјава и странство;
  • Административно водење на издавачките активности – прегледи, евиденција, извештаи поврзани со реализација и организација на конкретен издавачки проект.

Кандидатот треба:

  • Да има завршено високо образование во областа на книжевноста, филологијата или друго релеватно поле – Филолошки или Филозофски факултет;
  • Пожелно е претходно работно искуство во издаваштво (минимум 2 години);
  • Да биде подготвен за индивидуална и тимска работа;
  • Одлично да го познава англискиот јазик;
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Да има око за детали и аналитика.

Лични карактеристики

  • Организираност и одговорност
  • Лојалност, темелност и енергичност
  • Трудољубивост, совесност и предаденост во работата
  • Амбициозни и динамични со желба за напредок
  • Љубов кон пишаниот збор

Што нудиме:

Позицијата овозможува:

  • Одлични услови, компетитивна плата и можност за напредок;
  • Искусен тим;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Можност за напредок во кариерата.

За АРС СТУДИО

АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Kако центар за едукација и издаваштво на книги, се стреми кон обезбедување на високо-квалитетна услуга за одржување на курсеви, реализација на преведувачки услуги, издавачка дејност и продажба на книги, согласно законската регулатива и меѓународните стандарди од оваа област. АРС СТУДИО континуирано го следи степенот на задоволство на клиентите и ги проучува нивните препораки и барања, а притоа истите ги користи за подобрување на карактеристиките на своите производи и услуги. 

Во рамките на АРС Студио можностите да се биде успешен и шансите да напредува се еднакви за сите оние што ќе успеат да се квалификуваат да бидат членови на нашето семејство.

Пријавете се со CV и мотивациско писмо задолжително на следните е-адреси истовремено: [најави се за да го видиш е-маилот] ; [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за „Уредник во издавачка дејност” најдоцна до 4.7.2023 година. Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, ќе бидат контактирани!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »