Промовирани огласи »

KARIERA.mk започна соработка со Пантелеон ГС и сите активни огласи за вработување може да ги погледнете на нашиот сервис.
 
Panteleon GS гради светски тим од врвни финансии, сметководствени и логистички професионалци за поддршка на нашиот постојано растечки список на клиенти.
Ако сте подготвени да го преземете следниот чекор и да изградите меѓународна кариера во една од најдобрите американски индустрии (додека работите заедно со некои од најсветлите умови во финансиите и сметководството во Македонија), би сакале да ве запознаеме.

Во прилог линкови од eксклузивните активни огласи на Пантелеон ГС:
 
 
 
 
 
 

Промовирани огласи »

53 евра за мегават час е понудата на државните електрани за нивната електрична енергија, велат извори за Телма.

Тоа е за околу 3 евра пониско од сегашната цена кога изнесува 56 евра за мегават час. Тендерот на ЕВН ХОУМ е денеска и на него ЕСМ ја доставува својата понуда. Од цената на ЕСМ најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните за струја во следните 6 месеци.

Деновиве и регулаторна треба да каже колку од барањата на енергетските компании ќе бидат прифатени. Исто така и ДДВ за струја се враќа од 10 на 18 отсто. Иако, се очекуваше да се врати евтината тарифа од први јули, сепак тоа нема да се случи. Најверојатно оваа поволност граѓаните ќе ја имаат од следната година во летнито период. Иако, се најавуваше речиси два месеци сепак сега проблем за дневната евтина тарифа се броилата како што објаснуваат од регуалторна.

Новата цена на струјата ќе се соопшти следната недела, а ќе важи од први јули.

Промовирани огласи »

Пред да тргнете на пат, една од најважните работи е да понесете валидни лични документи!

Но, поради невнимание, на некои им се случува да им истечат документите додека патуваат, потоа се крева паника и главното прашање е „што сега?

Токму тоа и се случило на туристка од Србија, која се нашла на одмор во Грција, и побарала помош бидејќи и истекла возачката дозвола.

„Што ако забележите дека вашата возачка дозвола истекла додека сте во Грција? Мислам дека нема многу такви случаи, но секоја информација би била добредојдена“, напиша една туристка во Фејсбук групата „Во живо од Грција“.

Според искуствата, многу опции нема.

„1. Ако имаш друг возач, тој може да го преземе воланот, 2. Можете да платите за да го влечете автомобилот дома, 3. Можете да се преправате дека не сте го виделе“, напиша една жена во коментар.

Имаше и такви кои го споделија своето искуство.

„Знам и полош случај. Во јуни отидовме на море. Требаше да одиме пак во септември, но пет дена пред патувањето, мојот сопруг виде дека возачката му е истечена седум месеци. Среќа што имам возачка , па возев јас.“, „Минатата година одморавме во Албанија, заборавив лична карта и возачка. Никому не кажав, молчам, возам, и за среќа се помина добро“, „Во Грција бевме на почетокот на јуни, а на маж ми му истече дозволата на 4 јуни и на двете граници го предупредија дека набрзо му истекува возачката“ велат искуствата на луѓето.

Еден изјави дека „најчесто не бараат возачка дозвола, туку сообраќајна дозвола и пасош“.

„Согласно нашиот закон, ваша должност е да внимавате и мора да ги поседувате сите валидни документи пред да заминете од државата (што се однесува до пасошот, правило е дека мора да важи најмалку 6 месеци пред да излезете) во спротивно плаќате парична казна во Грција според нивните прописи затоа што имаш неважечки еден документ и верувај ми, тоа е она што најмногу го ловат“, советува друг член на групата.

Претежно имаше такви чиј совет гласеше „Вози, почитувај ги правилата и молете се на Бога да не ве фатат“.

Промовирани огласи »

Швајцарски градови го покачија минималецот на 4.000 евра, но пак има незадоволство. 

Цирих и Винтертур воведуваат минимална плата која ќе изнесува околу 4.000 швајцарски франци месечно или околу 4.075 евра, објави „Јутарњи“. Околу 70 отсто од граѓаните во Цирих ја поддржаа одлуката за зголемување на минималната плата, а во Винтертур поддршката е нешто помала – 65,6 отсто. Имаше и политички партии кои не беа задоволни.

Во Цирих СВП, ФДП, ГЛП и центарот се бореа против воведувањето на минималната плата, вели Перпарим Авдили, претседател на ФДП на градот Цирих, кој е разочаран од резултатот.

Тој вели дека на овој начин не може да се бори против сиромаштијата. Наместо тоа, се изгради бирократија и додава дека таквата одлука секако не придонесува Цирих да стане поатрактивен како деловна дестинација.

Минималецот во Германија е 2,7 пати помал отколку во овие два швајцарски града. Притоа, оваа минимална плата е повисока од просечната плата во Германија, која изнесува 3.810 евра. Во Европската Унија, Луксембург е земја со високи плати и висок минималец. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »