Промовирани огласи »

Островот Какао на Малдиви

Помеѓу многуте неверојатни островски плажи на Малдивите, островот Какао е еден од најскапите острови за посета. Неговата хипнотизирачка убавина и беспрекорните песочни плажи, престојот над тиркизната вода за да се доживее убавината на природата чини околу 750 долари (48.670 INR) за една ноќ. И покрај се, овој остров и понатаму останува едно од топ местата што дефинитивно треба да ги посетите со партнерот!

Островот Фрегати во Сејшелите

Островот Фрегејт не е само уште еден меѓу најскапите острови во светот, тој има приватни луксузни одморалишта, седум прекрасни плажи и спортови на вода како пливање, нуркање и нуркање во длабоко море итн. Апсолутно вреди да се доживее бидејќи е еден од најлуксузните приватни острови во светот!  Уживајте во прекрасните слики додека не го исфрлите ова место од вашата листа!

 Островот Мустик во Западна Индија

Овој приватен остров во Западна Индија стана уште една најжешка туристичка дестинација во светот и несомнено е еден од најлуксузните острови во светот. Има неверојатен поглед на водата наоколу и приватни луксузни вили кои ќе ве воодушеват со денови. Од нуркање, јавање коњи до тенис, заедно со бројни егзотични спа третмани.

Островот Лаукала на Фиџи

 Фиџи може да ви биде на ум многу долго. И зошто да не биде? Има плажи обложени со палми и корални гребени со јасни лагуни, на речиси сите нејзини 300 острови. Островот Лаукала, не е само еден од овие луксузни приватни острови, туку и најпосакуваните места за посета. Тој може да се пофали со неверојатни и супер удобни одморалишта на приватни острови.

Островот Муреа во Француска Полинезија

Убавината на островот Муреа не е само разговор на градот, туку и на светот! Газираната вода и светло сината лагуна го прават фантастично место и еден од најлуксузните острови во светот. И додека овој остров во регионот на Француска Полинезија спаѓа меѓу најскапи острови во светот, дефинитивно вреди да се посети!

Промовирани огласи »

Од 1 јули престанува мерката за замрзнати маржи на основните прехранбени производи – лебот, шеќерот, јајцата и млечните производи. Со овој потег, државата ги препушта производителите и трговците сами да ги утврдуваат според пазарни услови. Сите резервирани околу проценките за раст или пад на цените.

Доколку викендов се упатите да пазарувате во маркет, рафтовите на кои се наоѓаат лебот, оризот, зејтин, макароните, млекото и млечните производи, може да ве дочекаат и со поинакви цени. Причина за тоа е одмрзнувањето на маржата на основните прехранбени производи, која претходно со одлука на влада се продолжи до 30 јуни. Ова е датумот и кога официјално државата повеќе нема да ги контролира цените и ги остава во рацете на трговците.

Одмрзнувањето доаѓа во услови кога во светски рамки веќе една година цените на храната се намалуваат, додека во Северна Македонија ниту ограничените маржи не успеаја да го зауздаат поскапувањето. Месецот што претстои ќе покаже какви ќе бидат цените на прехранбените производи во продавниците и дали повторно ќе се случуваат злоупотреби од трговците, ставајќи набилдани маржи на производите.

Од Организацијата за заштита на потрошувачи не очекуваат нивен драстичен скок, иако од друга страна, не очекуваат ниту дека цените ќе паднат.

Се смени ситуацијата, на светските пазари паѓаат цените на основните производи и ќе видиме сега дали самите производители и трговците ја научија лекцијата и дека нема да имаат толкава потреба да ги качуваат цените. Ќе има некои акции на производи каде ќе има намалување, самите трговци или домашните производители, сметаме дека сега треба да се остави на пазарот, смета претседателката на ОЗП, Мирјана Лончар Велкова.

Во време на енергетската криза, владата во неколку наврати ги одмрзнуваше и замрзнуваше цените на основните производи. Но, според професорот на Институтот за општествени и хуманистички науки, Здравко Савески, ваквите чекори упатуваат на неконзистентни политики. Според Савески, сè уште има потреба за замрзнати цени.

Промовирани огласи »

Работниците кои сакаат дополнително да се усовршуваат за да се стекнат со професионална квалификација ќе имаат право на дополнителен бонус од 150 евра месечно.

Новите правила кои ќе влијаат на паричните приходи на германските жители стапуваат на сила од 1 јули оваа година.

Граѓанскиот приход од јули е зголемен за сите оние кои ги добиваат покрај месечните примања. Тоа значи дека со приход меѓу 520 и 1.000 евра сега можете да добиете 30 отсто, наместо досегашните 20 отсто од граѓанскиот приход.

Според информациите на Сојузното Министерство за труд и социјална политика (БМАС), тоа значи дека паричникот на многу жители ќе има и до 48 евра повеќе од износот на примениот граѓански приход. Меѓу другото, германските власти ќе воведат бонус за продолжување на образованието, пишува порталот Феникс.

Владата најави дека работниците кои добиваат граѓански надомест, а сакаат дополнително да се усовршуваат за да се стекнат со професионална квалификација, ќе имаат право на дополнителен бонус од 150 евра месечно.

– Дополнително, можат да добијат и бонус за обука за полагање на средно и завршен испит – велат од Заводот за вработување.

Тука е и остварувањето на правото на 75 евра месечно како дополнителен надоместок за доусовршување кое трае подолго од осум недели и не е насочено кон стекнување професионална квалификација. Оние кои имаат потреба од основни вештини како што се подобро читање, математика или компјутерски вештини, со овој паричен надомест имаат можност да се подобрат.

Учениците, студентите и специјализантите исто така ќе имаат корист од значајните промени кои ќе бидат воведени од 1 јули. Приходите во иднина ќе можат да ги одржуваат до лимитот за мини вработувања кој моментално изнесува 520 евра. Истото важи и за џепарлакот што го добиваат преку федералната волонтерска служба и доброволната социјална година.

Покрај горенаведеното, има уште неколку измени кои ќе стапат на сила од 1 јули. Породилниот додаток повеќе не е вклучен во граѓанскиот приход како што беше порано. Во случај на медицинска рехабилитација, веќе нема потреба од поднесување барање за преоден надомест. Наследството се третира како имот, а не како приход.

Промовирани огласи »

Претстојната сабота, 01.07.2023, започнува со работа скопскиот Аква Парк.

- По стабилизирање на временските услови и покачување на температурите, Аква Паркот е вистинското место за забава и рекреација, но и да се релаксирате од летните горештини, велат од Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Аква паркот ќе работи секој ден од 10:00 до 19:00 часот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »