Промовирани огласи »

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во споредба со мај 2023 година, е зголемен за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2 %, Алкохолни пијалаци за 1.0 % и Безалкохолни пијалаци за 0.5 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 12.2 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 13.3 %, a во однос на декември 2022 година е зголемен за 2.8 %.

Извор - Фактор.мк

Промовирани огласи »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА
ЕЛЕКТРИЧАР, СТОЛАР, МОЛЕР, ГИПСАР – МАГАЦИН

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Цените на становите во Скопје во вториот квартал годинава бележат раст од 1,6 проценти на квартално, а од 12,9 проценти на годишно ниво, соопштија од Народната банка.

Во првиот квартал годинава цените на становите забалежале раст од 18,8 проценти на годишно ниво, а од 1,3 отсто на квартално ниво.

Во првиот квартал лани недвижностите поскапеле за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следел раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

Промовирани огласи »

Дискриминацијата на работното место се случува кога некое лице или група луѓе се третираат неправедно или нееднакво поради специфични карактеристики. Овие заштитени карактеристики вклучуваат раса, етничка припадност, родов идентитет, возраст, попреченост, сексуална ориентација, религиозни убедувања или национално потекло. Дискриминација на работното место може да се случи помеѓу соработниците, со кандидатите за работа или меѓу вработените и нивните работодавци. Без разлика дали намерно или случајно, дискриминацијата, без разлика на намерата, е незаконска.

Како да се справите со мобинг на работно место?

  • Водете евиденција
  • Не влегувајте и вие во улога на насилник, но спротивставете се кога тоа е потребно
  • Консултирајте ги надредените или професионалците за оваа проблематика

Дискриминацијата, стереотипите и пристрасноста не се прашања што исчезнуваат наскоро. Тие се истрајни, но не и несовладливи. Малтретирањето од било кој вид не смее да биде застапено никаде, па ни на работното место. Тоа е јасно и не треба да се дискутира. Вработените имаат одговорност да создадат здрава и безбедна средина за сите вработени. Деструктивното однесување може да се намали преку негување на фер и љубезна комуникација, како и преку тренинзи и работилници за здрава работна атмосфера и позитивна комуникација на работното место.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »