Промовирани огласи »

Од ЕВН за „Слободен печат“ информираат дека повторното приклучување на корисниците по доставата на уплатниците за платениот долг и повторниот приклучок се прават според редослед

Граѓаните што имаат директно броило треба да платат 418 денари за повторен приклучок, доколку биле исклучени заради долг. Според ценовникот на ЕВН, истата услуга за полуиндиректно броило е 1.841 денари, додека за оние со индиректно броило чини 2.773 денари.

Од ЕВН за „Слободен печат“ информираат дека повторното приклучување на корисниците по доставата на уплатниците за платениот долг и повторниот приклучок се прават според редослед. Граѓани што биле исклучени минатиот петок ранонаутро за неплатени сметки, откако платиле и на Вибер доставиле доказ за уплатата, реагираа во нашата Редакција дека и по три часа не им била вклучена струјата.

Дел од граѓаните се жалат и дека воопшто не добиле одговор од службите на ЕВН, дали пораката е примена и кога ќе бидат вклучени?

Сите корисници што имаат уредни уплати го исполнуваат условот за повторен приклучок, а останатите се известуваат за недостатоците. Зависи од типот на броилото, дали повторното приклучување ќе се направи со далечинска комуникација или физички на терен. Сите уредни уплати што благовремено се доставуваат, се спроведуваат во најкраток можен рок а не подоцна од 24 часа (во зависност од часот на достава на доказот на уплата од страна на корисникот) – стои во информацијата од ЕВН, која сепак не нуди прецизен одговор на дилемата дали се спроведува вклучување на струјата за време на викендите.

Промовирани огласи »

АЛФИ БИ КОМПАНИ е компанија којашто во досегашното постоење успеа да изгради стабилен, функционален процес на работа, да креира коректни односи со своите потрошувачи, непрекинато прави регрутација на нови вработени и го зголемува својот тим се со цел да се продолжи традицијата на успешно работење и одржување на нашата препознатливост и имиџ.

Моментално вработува:

КАСИЕРИ/КИ – КУМАНОВО
КАСИЕРИ/КИ – СКОПЈЕ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО СЕКТОР АЛАТИ И ОСВЕТЛУВАЊЕ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО БЕЛА ТЕХНИКА - СО ИСКУСТВО (СКОПЈЕ)

Се уште сте невработени? Останатите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Граѓаните се помасовно ги користат предностите на плаќањето преку картички, но и преку мобилните апликации. 

Народната банка ги објави најновите податоците од доменот на платежната статистика за првиот квартал од 2023 година, при што се забележува тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, или т.н. платни налози.

Имено, во првиот квартал од 2023 година, годишниот раст на употребата на платежни картички издадени во земјата за готовински трансакции и за плаќање производи и услуги во земјата од страна на граѓаните изнесува 14,7 отсто кај бројот и солидни 12 проценти кај вредноста на овие трансакции. Притоа, значителен годишен раст од 16,8 отсто е забележан кај употребата на картичките за плаќање производи и услуги во земјата, при засилен раст на плаќањата на физичките места на продажба од 17,4 проценти, но и солиден раст од 11,1 отсто на плаќањата на виртуелните (интернет) продажни места - посочуваат од централната банка.

Годишен раст е забележан и кај плаќањата на граѓаните со платни налози, како кај бројот на платежните трансакции (6,1 отсто), така и кај вредноста на остварените трансакции (3,1 проценти), при натамошна зголемена употреба на електронското банкарство за иницирање на овие плаќања. Така, бројот на електронски иницираните платни налози во првиот квартал од 2023 година бележи раст од 14,5 отсто на годишна основа, што е двојно повеќе од годишниот раст во првиот квартал од 2022 година (7,1 проценти). 

- Граѓаните особено ги користеле апликациите на мобилните телефони, со кои извршиле над една половина од вкупниот број електронски иницирани платни налози. За одбележување е дека бројот на платежните трансакции извршени преку мобилен телефон постојано расте и во првиот квартал од оваа година е поголем за 23,8 отсто од бројот на овие трансакции во истиот период од 2022 година. Истовремено, годишен раст, но не толку силен, од 3,5 проценти е забележан и кај употребата на компјутерите за извршување на плаќањата - нагласуваат од Народна банка.  

Податоците од доменот на платежната статистика за првиот квартал од 2023 година, коишто покрај изнесените податоци за платежните трансакции на граѓаните во земјата содржат и податоци за платежните трансакции на правните лица во земјата, се достапни на следнава врска.

Промовирани огласи »

Нормално е да бидеме возбудени кога ќе ја добиеме првата понуда за работа. Приклучувањето кон работната сила со полно работно време може да значи плата, бенефиции и пат до финансиска независност. Но, пред  да прифатите понуда, важно е да процените што точно ви ветува компанијата и да преговарате за истата. Според едни изстражувања околу 56% од работниците чуствуваат голем страв кога преговараат.

  • Како да преговарате за погоелма плата од понудената?

Бидејќи  работодавецот ве одбрал вас сметајќи ве за најдобар кандидат за одбраната функција не треба да имате страв додека преговарате. Препорачливо е никогаш да не ја прифаќате понудата на лице место и, наместо тоа, да одвоите малку време за да го истражите пазарот за вашата позиција. Откако ќе знаете што сакате од преговорите, побарајте да разговарате за понудата.

  • Како да се подгответе за преговор?

Важен дел од преговарачкиот процес е да се подготвите за сè што може да  се случи. Знаејќи што е разумна побарувача и покажува на компанијата дека имате истражувано доволно за да го направете првичното барање. Важно е да имате причина зошто барате да преговарате. На пример, ако луѓето во вашата област или во други компании на слична позиција со вашето ниво на обрзование заработуваат повеќе. За ова ви е потребна причина да докажете зошто сметате дека заслужувате поголема плата. Ако кажете само „сакам повеќе“ нема да го добиете посакуваното.

Дали кога преговаравте за вашата прва плата на вашето прво работно место го добивте посакуваното? Дали доколку ја сакате вашата професија би прифатиле помала плата?

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »