Промовирани огласи »

Tуристите во Грција, најчесто Срби и Македонци се мета на кражби на автомобили зад кои стои бугарската мафија, дознава „Република.рс“. Се работи за бугарска мафијашка организација која со години дејствува на северот на Грција.

Посебно се активни во Пефкохори а нивна цел се скапи автомобили.Се работи за бугарска мафијашка организација која со години дејствува на северот на Грција.

Тие се толку добро координирани што крадат автомобил за помалку од една минута. И пред да сфатите што ви се случило, возилото е веќе складирано во гаража, која ја имаат на секое место. Бираат поскапи автомобили, за кои има голема побарувачка за делови.

Каде најмногу оперираат крадците

  • на паркинзите на големите супермаркети и трговските центри
  • на отворени паркинзи во Солун, кај Белата кула, во близина на плоштадот Аристотелис
  • на паркингот на аква паркот кај Солун
  • кај одредени сообраќајни пумпи, со поголеми места за одмор
  • на паркинзите на најпосетуваните плажи на Халкидики

Промовирани огласи »

Општина Струга преку официјалната фесјбук страница ги замолуваат гостите и туристите, кои се разладуваат во водите на Охридското езеро или Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.

Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште, од Чаршискиот мост до Зелениот пазар, се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден, стои во информацијата на Општина Струга.

Во зоната во која е забрането движење во костими за капење поставени се соодветни знаци.

Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристичка дестинација како што е Струга, порачуваат од таму.

Промовирани огласи »

Од ЕВН за „Слободен печат“ информираат дека повторното приклучување на корисниците по доставата на уплатниците за платениот долг и повторниот приклучок се прават според редослед

Граѓаните што имаат директно броило треба да платат 418 денари за повторен приклучок, доколку биле исклучени заради долг. Според ценовникот на ЕВН, истата услуга за полуиндиректно броило е 1.841 денари, додека за оние со индиректно броило чини 2.773 денари.

Од ЕВН за „Слободен печат“ информираат дека повторното приклучување на корисниците по доставата на уплатниците за платениот долг и повторниот приклучок се прават според редослед. Граѓани што биле исклучени минатиот петок ранонаутро за неплатени сметки, откако платиле и на Вибер доставиле доказ за уплатата, реагираа во нашата Редакција дека и по три часа не им била вклучена струјата.

Дел од граѓаните се жалат и дека воопшто не добиле одговор од службите на ЕВН, дали пораката е примена и кога ќе бидат вклучени?

Сите корисници што имаат уредни уплати го исполнуваат условот за повторен приклучок, а останатите се известуваат за недостатоците. Зависи од типот на броилото, дали повторното приклучување ќе се направи со далечинска комуникација или физички на терен. Сите уредни уплати што благовремено се доставуваат, се спроведуваат во најкраток можен рок а не подоцна од 24 часа (во зависност од часот на достава на доказот на уплата од страна на корисникот) – стои во информацијата од ЕВН, која сепак не нуди прецизен одговор на дилемата дали се спроведува вклучување на струјата за време на викендите.

Промовирани огласи »

АЛФИ БИ КОМПАНИ е компанија којашто во досегашното постоење успеа да изгради стабилен, функционален процес на работа, да креира коректни односи со своите потрошувачи, непрекинато прави регрутација на нови вработени и го зголемува својот тим се со цел да се продолжи традицијата на успешно работење и одржување на нашата препознатливост и имиџ.

Моментално вработува:

КАСИЕРИ/КИ – КУМАНОВО
КАСИЕРИ/КИ – СКОПЈЕ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО СЕКТОР АЛАТИ И ОСВЕТЛУВАЊЕ
ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА ВО БЕЛА ТЕХНИКА - СО ИСКУСТВО (СКОПЈЕ)

Се уште сте невработени? Останатите активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »