Промовирани огласи »

Како што објавуваат локалните медиуми, просечната нето плата во Хрватска исплатена во месец мај се зголемила и сега изнесува 1.133 евра.

На годишно ниво ова е номинално повисоко за 11 отсто, а реално за 2,9 отсто, покажуваат податоците на Хрватскиот национален завод за статистика (ДЗС).

Според податоците објавени денеска, просечната плата од 1.133 евра е номинално за еден отсто повисока, а реално за 0,5 отсто во однос на претходниот месец, поточно во однос на април.

Највисока просечна месечна нето-плата е исплатена во авио индустријата и изнесува 1.962 евра, а најниска е во индустријата за производство на облека и изнесува 747 евра.

Хрватска пресметува и медијална нето плата, која во мај изнесувала 970 евра, што значи дека половина од вработените имале помала плата од споменатата, а останатата половина над таа сума.

Просечната месечна бруто-плата по вработен кај правните лица во мај изнесува 1.562 евра, што е номинално за 1 отсто, а реално за 0,5 отсто во однос на април.

На годишна основа просечната бруто плата е номинално повисока за 12,7 отсто, а реално за 4,4 отсто, пренесе Хина.

ФОТО: Unsplash/Vlado Sestan

Промовирани огласи »

Словенците и Хрватите се европски рекордери по уделот на граѓани кои инвестираат на турбулентниот крипто пазар, 16 отсто од Хрватите и 17 отсто од Словенците купуваат биткоини и други криптовалути, што е речиси три пати повеќе од европскиот просек, пишува во четвртокот Вечерњи лист.

На трето место со 14 отсто се Чесите, додека во „зихерашката“ Германија само шест отсто од населението верувале дека ќе се збогатат со рударење со помош на интернет, а не со „мотики и копачи“. Италијанците и Шпанците имаат најмалку доверба во  крипто светот (4 проценти).

Оваа пролет, Европската комисија го спроведе првото истражување за финансиската писменост во ЕУ, кое откри дека нивото на финансиска писменост низ ЕУ е ниско.

Приближно 18 отсто од граѓаните знаат сè за инфлацијата, инвестициите и ризиците што ги носат, 64 отсто може да се каже дека имаат одредено средно знаење, а останатите 18 отсто ништо.

Хрватска има малку повеќе добро информирани луѓе – 20 проценти и малку помалку со целосно незнаење – 16 проценти, и забележително се врати кон инвестирање во криптовалути и доверба во банките. Секој петти хрватски државјанин нема заштеда и би останал без средства за живот доколку ги загуби редовните приходи. Од друга страна, нешто помалку од една четвртина од населението тврди дека со заштедата што ја имаат би можеле да го продолжат стариот живот најмалку шест месеци, па и повеќе. Според двата одговори се меѓу најлошите во ЕУ.

Хрватите се крајно песимисти кога станува збор за староста и пензионирањето, а само шест отсто од граѓаните очекуваат удобен живот во пензија, додека за другите овој удел се движи од три отсто во Полска до 24 отсто во Данска. Друга четвртина од Хрватите веруваат дека ќе живеат малку удобно, додека сите други гледаат на животот во својата старост со вознемиреност.

Хрватска е на шестото место од 27 во ЕУ според нивото на доверба во советите на банкарите и финансиската индустрија, со учество од седум отсто од оние кои силно веруваат во банкарски совети и 38 отсто кои би ги оцениле финансиерите како многу добри. Само по овој критериум предничат Финска, Чешка, Данска, Австрија и Португалија.

Инаку, секој четврти хрватски граѓанин има потрошувачки кредит, а секој десетти кредит со хипотека.

Со 56 проценти, Хрватите се пред просекот на ЕУ во користењето на услугите за онлајн банкарство и мобилните плаќања, пишува „Вечерњи лист“.

Промовирани огласи »

Општиот колективен договор за јавниот сектор, е успех на дијалогот што го водевме со синдикатите, истакна вчера во интервју за дневникот на телевизија „Сител“, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Со ова решение околу 130.000 мои сограѓани ќе добиваат повисоки плати и тоа повеќе нема да зависи од нечија политичка волја. Ставаме крај на политичките превирања, на уцените и влијанието врз оние кои треба да им служат на сите граѓани. Во општиот колективен договор имаме методологија со која за првпат тука во регионот, платите во јавниот сектор ќе се индексираат согласно растот на просечната плата, порача Битиќи.

Тој додаде дека платите во сите сектори растат постојано, а само во секторот образование, со последното покачување од 10 отсто во септември оваа година, за само пет години, ќе има вкупен раст на платите од 54 отсто.

Осврнувајќи се на измените на законите за извршување, за облигациски односи и за финансиски друштва, Битиќи посочи дека тоа е акт на праведност и правичност кон граѓаните.

Конечно имаме решение со кое каматата не смее да го надминува износот на главниот долг, го намаливме и рокот за застарување на долгот, со цел да ги заштитиме граѓаните, и конечно, ставаме ред и на „брзите кредити“ каде трошоците за еден кредит ги ограничивме на најмногу 60 отсто, изјави Битиќи за телевизијата „Сител“

Промовирани огласи »

Првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања.

Уште еднаш благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина.

Благодарност до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники.

На пациентите кои добија органи им посакуваме брзо опоравување.

Горди сме на секој нов успех во македонското здравство.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »