Промовирани огласи »

Во Буџетот има одвоено средства во износ од 250 милиони евра за антикризни мерки, а една од антикризните мерки е и субвенционирање на парното греење во Скопје. Ќе ги видиме пресметките што ги дале компаниите кои учествуваат во производството и дистрибуцијата и проценките за движење на цената на гасот и на другите енергенси од кои се произведува топлинската енергија и соодветно на тоа Владата ќе направи субвенционирање со цел да нема ценовен шок за граѓаните исто како што обезбедивме да нема ценовен шок и минатата година, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Минатата година граѓаните имаа можност да видат во нивните сметки дека електричната енергија беше субвенционирана во однос на пазарната цена и до 80 и над 80 проценти во некои месеци. Така и ќе продолжи. Истото беше и со парното, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешното поставување камен-темелник на полициската станица Аеродром заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Нагласи дека доколку лани парното не беше субвенционирано од страна на државата и доколку не се обезбедеше преземање на целокупната мрежа и на производството на топлинска енергија, тогаш Скопје ќе немаше парно.

Тоа е обврска на градот Скопје и на опозицијата која се фалеше дека ќе го направеле Скопје метропола, а сега не може ништо да се доправи во Скопје што е започнато. Планирам да го повикам раководството на Скопје за да видиме како Влада што можеме да помогнеме во санирањето на делот со потребите на граѓаните, бидејќи граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во метропола, а не заслужуваат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник да се караат по цел ден кој бил во право, потенцира Ковачевски.

Промовирани огласи »

Време е за вашата прва потрга по работа? Треба да напишете биографија, што може да претставува тешка задача ако немате реално работно искуство. Не знаете од каде да започнете, што да вклучите или кој формат на биографија да користите. Згора на тоа, повеќето совети што ги наоѓате на интернет не се релевантни бидејќи се фокусираат на нагласување на професионалната позадина.Три секции за замена на работното искуство.

Откако ќе ги наведете вашите лични податоци и образование време е да ја пополните празнината во работното искуство во вашата биографија. Еве три секции што можете да ги користите наместо тоа:

Практикантска работа

Дали сте биле на пракса која е релевантна за позицијата за која аплицирате? Сега е време да се спомене.

Волонтирање

Волонтирањето покажува посветеност и страст за учење. Нема ништо поважно од посветен вработен. Без разлика дали го поминувате слободното време правејќи апликација или помагајќи во некоја канцеларија, можете да го споменете во вашата биографија!

Проекти на кои сте работеле

Во овој дел, можете да додадете какви било релевантни проекти од кои сте биле дел за време на вашето време на училиште или на стажирање. Вашата дипломска теза, магистерски труд, објавена статија или истражувачки проект може да го спомнете овде.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,72% во однос на одлуката од 24.7.2023 година.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,337 ден/кг и сега ќе изнесува 42,338 ден/кг.

Од 28.7.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин Еуросупер БС – 95 84,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин Еуросупер БС – 98 86,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 42,338 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,969%, кај дизелот за 4,065% , кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,410% и кај мазутот зголемувањето е за 3,245%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,782 проценти.

Промовирани огласи »

Македонската банкарска асоцијација (MБA) информира дека е надминат проблемот со картичките на Мastercard и Visa.

Граѓаните денеска не можеа да вршат трансакции, ниту да извадат пари од банкомат со картичките, но проблемот веќе е надминат.

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека e надминат проблемот поврзан со картичните брендови VISA и MasterCard. Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за терпението и разбирањето, соопшти МБА.

МБА претходно информира дека картичните брендови Visa и MasterCard се недостапни, а граѓаните можат да добијат средства само во експозитурите и филијалите на банките.

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во меѓувреме соопшти дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на споменатите картични брендови.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »