Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го покани извршниот директор на Tesla, Илон Маск, да изгради фабрика за Tesla во Турција, објави Anadolu Agency на Твитер.
Ердоган му го дал предлогот на Маск за време на состанокот во Турската куќа, облакодер во близина на Обединетите нации во Њујорк, објави синоќа турската државна новинска агенција. Турскиот претседател е во САД за да присуствува на 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
Маск денеска во Калифорнија треба да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а како што реќе, нивните разговори ќе се фокусираат на технологијата за вештачка интелигенција.
Маск ја најави осмата фабрика
Во август, Тесла изрази интерес за изградба на фабрика во Индија за производство на евтини електрични возила.
Тесла има шест фабрики и ја гради седмата во Мексико, во северната држава Нуево Леон, како дел од напорите на производителот на електрични автомобили да го прошири своето глобално присуство. Маск во мај изјави дека производителот на автомобили најверојатно ќе избере локација за новата фабрика до крајот на оваа година.
ФОТО: YouTube Print Screen/AA