Промовирани огласи »

Замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази ќе бидат дополнително оданочени. Повластена даночна стапка од 5 отсто повеќе ќе нема и за лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи и нудли. Од листата со повластена стапка отпаѓаат и храната за децата, како гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините...

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се согласува дека млечен премаз со висока масленост од овчо млеко треба да биде несекојдневен и треба да има стапка од 10 осто. Но, тој вели дека има простор јасно да се каже за кои продукти станува збор.

Тој денеска рече дека може да е пропуст и дека за десетина производи нема проблем да се направи измена.

Чипсот, гумите за џвакање, сладоледот, според Битиќи, спаѓаат во категоријата на нездрави производи затоа што има повисока шеќерна вредност и не смета дека тоа се основни прехранбени производи.

За цвеклото како здрава храна со ДДВ од 10 посто, Битиќи додаде дека ќе се ревидира. Не е вистина дека има зголемување на цената на над илјада производи, опфатени се 358 категории на производи, додаде тој.

Маркетите треба да започнат од денеска да ги менуваат цените од производите. Веќе во вторник имаме закажано седница на влада и може да се ревидира одлуката. Не гледам голем проблем за корекција на десетина производи, кажа Битиќи.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Sport Vision е лидер во спортската малопродажба на Балканот. Основан е 1996. година како компанија чии основни трговски активности се: трговија, малопродажба и продажба на големо во областите на спортските индустрии.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕР
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ – СКОПЈЕ

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР НА МАЛОПРОДАЖЕН САЛОН ВО СКОПЈЕ

Основана во 1885-та година, Винарија Тиквеш е предводник во македонската винска индустрија, како и најстарата и најголемата винарница во регионот.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ФИНАНСИИ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Singular е меѓународна софтверска компанија која развива наградувани решенија кои се истакнуваат со нивната флексибилност, доверливост и иновативност - трите клучни аспекти кои го обликуваат нашиот конкурентен фактор на пазарот.

Моментално вработува:

INTERMEDIATE INFORMATION SECURITY GRC SPECIALIST
INTERMEDIATE TECHNICAL PROPERTY MANAGER

„Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.

Сите огласи од Синцеритас ќе ги најдете ТУКА.

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Сите огласи од Кромберг и Шуберт ќе ги најдете ТУКА.

Просветно дело е приватно претпријатие кое е современо конципирано, со многубројни соработници во земјата и надвор од неа. Воспоставена е соработка со реномирани европски и светски издавачки куќи на полето на копродукцијата и белетристиката.

Моментално вработува:

СМЕТКОВОДИТЕЛ / ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ

Magna International Inc. е водечки глобален производител за решенија во автомовилската индустрија посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

HR ADMINISTRATOR
FACILITY TECHNICIAN

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ – ШТИП

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 отсто во однос на одлуката од 5.10.2023 година.

Од 7.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  83,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 98  85,50(денари/литар)
  • Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  86,00 (денари/литар)
  • Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  85,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС      45,973 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НСсе намалува за 1,006 ден/кги сега ќе изнесува 45,973 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 отсто во однос на одлуката од 5.10.2023 година.

Од 7.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  83,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 98  85,50(денари/литар)
  • Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  86,00 (денари/литар)
  • Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  85,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС      45,973 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НСсе намалува за 1,006 ден/кги сега ќе изнесува 45,973 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »