Промовирани огласи »

Драги студенти,

Ве покануваме на информативен ден со Зегин, организиран со цел да се запознете со можностите за практикантство, менторство преку гемификација, како и проектите кои ги има нашата компанија за Вас студентите на Фармацевтски факултет!

На информативниот ден, ќе имате можност да се запознаете со новите програми за студенти и платформата ЗегИН Младина, која има за цел да даде поддршка на младите идни фармацевти преку можности за успешен кариерен развој, како и стипендирање преку Фондација Др. Верица Механџиска.

Нашата уникатност е иновативниот пристап на практикантство и вработување преку менторство на нов, забавен начин, учење преку игра и наградување на најдобрите!

Настанот претставува поддршка, мотивација и грижа за студентите, со главна цел да го применат знаењето во пракса, вклучувајќи многу нови придобивки специјално создадени за нив.

Студенти – идни фармацевти,

Дојдете

Запознајте не

Ве очекуваме!

Локација: Предавална 3, Фармацевтски факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје

Датум: 3 ноември 2023 – петок

Време: 12:00 - 13:00 часот

Промовирани огласи »

Банката не смее да наплаќа надоместоци за затворање на платежната сметка, ниту, пак, надоместоци за затворање дебитни или кредитни картички, доколку рамковниот договор којшто го има граѓанинот со банката е постар од шест месеци. Банката е должна веднаш да ја затвори сметката на барање на граѓанинот, или, пак, доколку во договорот е предвиден отказен рок, најдоцна во рок од 30 дена, објаснува директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски, во интервју за Македонското радио.

Величковски посочува дека доколку банката им наплати на граѓаните надоместок за затворање на платежната сметка или доколку некоја ставка од тарифниците на банката ги наведе граѓаните на мислење дека им е наплатено за затворање сметка, тие треба да реагираат до банката, бидејќи тоа е без надоместок, исто како и затворањето дебитна или кредитна картичка. „Граѓаните имаат право да поднесат приговор до банката, а потоа и поплака до Народната банка, којашто ќе ја разгледа поплаката и ќе контактира со банката, а потоа соодветно ќе го извести граѓанинот дали приговорот којшто го поднесол е соодветен и ако е, ќе ѝ даде насоки на банката да постапи според приговорот“, посочува директорот.

Величковски понатаму наведува дека со Законот за платежни услуги и платни системи се воведува уште едно системско решение коешто е во прилог на заштитата на правата на потрошувачите, а тоа е концептот на неактивна сметка. „Сите ние отвораме сметки кај банките за различни потреби и по некое време, може да заборавиме дека ја поседуваме таа сметка на која можеби останале парични средства. За првпат, со новата правна рамка се уредува дека доколку граѓаните не ја користеле платежната сметка подолго од две години, или, пак, не оствариле комуникација со давателот на платежните услуги во врска со таа сметка во овој период, банката ќе ја прогласи сметката за неактивна. Доколку станува збор за штедење, бидејќи вообичаено депозитните сметки се на подолг рок, доколку граѓанинот не остварил комуникација со банката во период од 10 години, и таа сметка ќе добие статус на неактивна сметка. Кога банката ќе ја прогласи сметката за неактивна, таа не смее понатаму да наплатува никакви надоместоци од таа сметка, односно паричните средства се заштитени, а банката е должна да пресметува камата на позитивното салдо во согласност со договорот“, истакнува Величковски.

Промовирани огласи »

Во првите девет месеци на оваа година, Северна Македонија, со над 13 илјади вести, се соочи со загрижувачки пораст на медиумските вести кои се однесуваат на актуелното прашање со сообраќајните несреќи.

Овие несреќи, често со катастрофални последици, предизвикаа значителна загриженост за безбедноста на сообраќајот и човечките жртви како последица од истите. Нашата анализа навлегува подлабоко во овие медиумски вести со цел да ги открие автомобилските брендови што често биле споменувани во врска со овие несреќи и темните исходи што вклучуваат повредени или починати лица.

Анализата е спроведена за сите брендови на автомобили кои се присутни на нашиот пазар и кои биле вклучени во сообраќајни несреќи.

Податоците покажуваат дека возилата на Фолксваген се споменуваат во значителни 21,4% од вкупните медиумски вести за сообраќајни несреќи, по нив следуваат Мерцедес-Бенц во 12,6% од вестите, Опел во 10,5, БМВ во 9,8%, возилата на Ауди во 7,6% од медиумските вести, што се надоврзуваат на листата на познати брендови поврзани со сообраќајни несреќи. Во првите десет, најмалку споменувани се автомобилските брендови како Фиат, Рено, Пежо, Форд, Сеат итн. Преостанатиот процент опфаќа и други брендови на автомобили кои не се наведени во анализата, нагласувајќи дека истите имаат помало, но сепак значително присуство во медиумските вести за сообраќајни несреќи.

Другиот критичен аспект на нашата анализа се фокусира на проценка на сериозноста на сообраќајните несреќи во Северна Македонија, особено оние што резултираат со повредени или починати лица. Анализата на вестите каде што има човечки жртви од овие несреќи е од суштинско значење за разбирање на целосниот опсег на прашањето и насочување на напорите за подобрување на безбедноста на патиштата.

Нашата анализа ги открива следните вознемирувачки наоди:

Повредени лица: Во рамките на 13.108 вести за сообраќајни несреќи, значителен број известуваат за несреќи кои резултирале со повреди. Податоците покажуваат дека значителен дел од овие несреќи довеле до повреди на поединци, од кои некои може да имаат долгорочни последици. Медиумските вести за несреќи каде што е споменато дека има само повреди сочинуваат 66,4% од вкупниот број вести за сообраќајни несреќи.

Жртви: Подеднакво загрижувачко е присуството на медиумски вести за несреќи кои трагично резултираат со загуба на животи. Нашата анализа покажува дека дел од овие несреќи имале фатални исходи, оставајќи ги семејствата и општеството да се соочуваат со длабоките и неповратни штети од овие трагедии. Вестите за несреќи каде што се споменуваат смртни случаи, каде освен повреди има и жртви, учествуваат со 33,6%. Месец јуни, со 57,5% од вкупните медиумски вести за сообраќајни незгоди, преставува месец со најголема стапка на медиумски вести каде е спомената смртност во сообраќајни несреќи

Методологија

„Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа Analytics.live за да следи во реално време повеќе од 3.000 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во 6 земји од Западен Балкан, Бугарија, Молдавија, Украина, Казакстан, Белорусија и Балтичките држави. Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, YouTube, TikTok, Telegram, LinkedIn, Odnoklassniki i VKontakt) броејќи ги сите видови активности и реакции (лајкови, споделувања и коментари).  

„Пикаса“ има над 10 години искуство во науката за податоци, развој на алгоритми, вештачка интелигенција и машинско учење. Таа им нуди на компаниите, организациите и институциите пристап до единствени податоци од над 3.000 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми. Во комбинација со искусен тим од доктори на науки за податоци, дата-аналитичари и високи медиумски експерти, развивме неколку производи за следење на медиумите во реално време и технолошки капацитет за создавање приспособени решенија. Успеавме да одговориме на некои од најпредизвикувачките прашања во врска со употребата на дигитални и социјални медиуми за ширење пропаганда, сентимент, идентификување канали и спроведување истражувачки работи.  

Во последните 2 години, преку мониторинг и консултации, им помогнавме на повеќе од 30 медиумски канали и над 50 компании да ги зголемат и максимираат своите резултати, користејќи техники за пристап до поширока публика.  

Промовирани огласи »

Цената на парното ќе биде позната во вторник. Ќе нема ценовни шокови. Знаете дека имаме инфлација, сите давачки на компаниите се зголемени. Не верувам дека ќе има поголемо зголемување од 5%“. Тоа би значело плус некои 50-60 денари за просечен стан, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски во ТВ гостување.

Тој потенцира дека оваа цена ќе важи до крајот на грејната сезона, доколку нема драматично зголемување или намалување на цената на природниот гас. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »