Промовирани огласи »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Моментално вработува:

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА
РЕФЕРЕНТ ЗА ФАРМАЦЕВТСКА РЕГУЛАТИВА
ЕЛЕКТРИЧАР И СТОЛАР
ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СТУДЕНТИ ОД ФАРМАЦЕВТСКИ ФАКУЛТЕТ ПРИ УКИМ
ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР

Се уште невработени?! Сите останати актвини работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Axapta Masters, лидер во областа на Microsoft решенија во Македонија го прославува својот десетгодишен успех како домашна компанија која забрзано се движи кон се поголемо и позначајно глобално присуство како еден исклучителен Microsoft Solutions партнер.

Започнувајќи како стартап компанија пред десет години, во текот на последната деценија, Axapta Masters постојано растеше, градеше успеси, иновации и тимска соработка. Несомнено компанијата го оствари својот визионерски пат кон извонредност. Со неуморна работа, целосно посветени на клиентите, воведувајќи најсовремени решенија за нивните бизниси Axapta Masters ги подигна стандардите и границите на професионалното работење.

“Нашето патување започна во 2013 година со идеја да го трансформираме начинот на кој бизнисите функционираат преку релевантни и иновативни решенија. Тим од помалку од 10 луѓе работеше несебично со голема желба и ентузијазам за да успееме и постепено да растеме. Денес сме глобално добро познато име, со голем број на соработници, енормно голем број на успешно реализирани проекти, повеќе од 250 професионалци и канцеларии во повеќе држави низ светот” .

На гала вечерта по повод прославата на големиот јубилеј, претставниците од менаџментот на компанијата истакнаа дека се посебно горди на обединетиот и силен тим, нивната страст, иновативност и напорна работа.

Неоспорниот успех на Axapta Masters во изминатите десет години доволно говори за исклучителниот капацитет на компанијата и непрекинатиот развој во индустријата, заслужувајќи ја репутацијата како партнер што го обезбедува најдоброто во своите области и што е водечки во иновативни и креативни решенија за бизнисите ширум светот.

Промовирани огласи »

Без некои значителни промени во цените ќе се точат нафтените деривати на бензинските пумпи низ Македонија. Цените на бензините не се менуваат, додека дизелот од полноќ ќе биде поевтин за половина денар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 77,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит и ќе изнесува 75,50 ден/лит – се вели во соопштението на Регулаторната комисија за енергетика.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,158% или за 1,250 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 0,807% или за 6,600 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 1,158% или за 9,250 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,035% или за 5,100 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,1605 ден/$ и е за околу 0,562% понизок од курсот на доларот (57,4835 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Промовирани огласи »

Во Германија од денеска постепено почнува да се применува новиот Закон за квалификувана имиграција, јави ДПА. Како што од поодамна предупредуваат германските политичари и економски експерти, на земјата итно ѝ треба професионална работна сила. Очекувањата се дека дупките во пазарот на трудот ќе се пополнат со работници од странство.

Измените на Законот за квалификувана имиграција кои беа донесени претходно годинава ќе се спроведуваат во три постепени фази со цел властите навремено да се престројат на новите услови.

На порталот на сојузната влада за стручна работна сила од странство можат да се добијат поопширни информации на германски, англиски, шпански и француски јазик.

Од овој момент многу академци и луѓе со споредливи квалификации од трети земји ќе може со Сината карта ЕУ да доаѓаат во Германија – без проверка на приоритет, односно дали би биле достапни Германци или граѓани на ЕУ за истата позиција, како и без докажување на познавања на јазикот.

Секој кој ги исполнува сите предуслови како стручна сила со професионално искуство или универзитетска диплома, сега има право на добивање дозвола за престој, нешто за што до сега властите имаа дискреционо право за одлучување. Исто така, повеќе нема да има ограничувањето на дејност во струката. Тоа би знаело дека еден квалификуван работник во една струка би можел да најде работа во Германија во друга струка. Од ова исклучок се само професиите поврзани со медицината, правото и педагогијата.

Олеснувања во наоѓање работа преку добивање дозвола од Сојузната агенција за вработување ќе има и за професионалните возачи, а се укинува проверката за приоритетни кандидати и предусловите за познавање на јазикот.

Другите измени ќе стапат на сила на 1 март вгодина.

Дополнително е регулирано привлекувањето на работна сила од Западен Балкан, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија за кои неограничено важи т.н. „Правило за Западен Балкан”. Од јуни 2024 година годишниот контингент се удвојува на 50 илјади лица годишно.

Германија имаше Закон за квалификувана имиграција уште вo март 2020, со кој тогашната влада на Ангела Меркел сакаше да го олесни пристапот на квалификувани работници од земји надвор од Европската унија до германскиот пазар на труд. Сега тој закон е реформиран бидејќи на многу места сè уште има недостиг од кадри, особено квалификувани работници. Законот во претходната верзија не ги постигнал очекуваните резултати поради пандемијата е проценката на властите.

Она што е ново во новиот закон е воведувањето на таканаречената „Карта за шанса“, која е базирана на бодови. Критериумите за избор на имигранти кои сакаат да работат и ја избираат оваа опција се јазични вештини, работно искуство, возраст и поврзаност со Германија.

Странските стручни работници во иднина мора да заработуваат најмалку 43 800 евра бруто годишно, сума која досега изнесуваше 58 400 евра. Предноста на новиот закон за висококвалификувани професионалци од земји надвор од ЕУ е што во иднина со себе ќе можат да ги носат не само сопружниците и децата, туку и родителите.

Предуслов, сепак, е да имаат обезбедено средства за живот оти во Германија нема да можат да живеат од социјална помош.

Германските компании во моментов не можат да пополнат околу 1,73 милиони работни места.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »