Референт за фармацевтска регулатива

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Доколку сте посветена личност, со високи вредности, имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, проактивни, позитивни, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми и самомотивација, станете дел од нашиот тим и аплицирајте за работа во ЗЕГИН на работна позиција:

Референт за фармацевтска регулатива

Опис на работата:

Регулаторни постапки во врска со ставање во промет на лекови, медицински средства, додатоци на исхрана, хемикалии, козметика

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на медицината или фармацијата
  • Со или без искуство во областа на фармацевтската регулатива
  • Организираност, одговорност и ефикасност
  • Познавање на англиски јазик

Што нудиме:

  • Основна плата по договор
  • Можност за доусовршување и дообразување
  • Мотивирачка работна средина

Испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Референт за фармацевтска регулатива на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »