Промовирани огласи »

Доларот забележа осумнеделен максимум во однос на јенот во очекување креаторите на модерната политика на ФЕД да разговараат за монетарното затегнување.

Доларот зајакна на дури 111, 88 јени, што е највисоко ниво од 26 јули, но се врати повторно на 111, 61 јени.

Во однос на еврото, јенот ослабнал на 21-месечен минимум.

Единствената валута се тргувала на 134,16 јени, зајакнувајќи за половина процент во однос на јапонскиот јен и достигнувајќи највисоко ниво од декември 2015 година.

Уште една сигурна валута, швајцарскиот франк, забалежа повеќегодишен минимум спрема еврото.

Еврото зајакна на највисоко ниво во однос на швајцарскиот франк од 15 јануари 2015 година, кога централната банка на Швајцарија ја укина горната граница на домашната валута во однос на еврото.

Фунатата се стабилизирала над ниво од 1,34 долари, опоравувајќи се од претходниот еднопроцентен пад.

Промовирани огласи »

Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, како што предлага ММФ.

Мисијата на меѓународниот монетарен фонд по двенеделно скенирање на македонската економија препорачува- реформа на пензискиот систем со подигнување на возраста и заострување на критериумите за предвремено пензинирање, зголемување на акцизата за горивата, повисок данок на имот, а помал за лицата кои имаат ниски примања.

Министерот за финансии Тевдовскивели– Препораките ги почитуваме, но засега немаме потреба од аранжман со ММФ

Владата ќе ги реализира проектите кои кои им ги ветиме на граѓаните, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.

Една од забелешките на Фондот е помалата наплата на ДДВ. За Тевдовски, бројките потрфлиле првите 6 месеци, сега се подобруваат. Најавува зголемена наплата, посебно кај големите даночни обврзници

Има потфрлување споредено со 2016 и планот за годинава. Во јули и август веќе има подобрена наплата. И кај големите обврзници има простор за зголемена наплата ,изјави Тевдовски.

Политичката криза, падот на инвестрициите и извозот, нагативно ќе се оздразат врз македонската економија. Затоа ММФ ја намали прогнозата за оваа година. Растот ќе изнесува  1,9% , инфлацијата  1,2 отсто, а дефицитот 3%.

Промовирани огласи »

Рускиот претседател, Владимир Путин, ѝ нареди на владата да одобри закон според кој рубљата ќе биде главна валута во тргувањето на сите пристаништа во земјата.

Според шефот на рускиот надзорен орган ФАС, Игор Артемјев, многу услуги во руските морски пристаништа и понатаму се плаќаат со американски долари, иако тие пристаништа се во државна сопственост.

Путин овој предлог првпат го даде лани, меѓутоа идејата не беше прифатена од некои големи компании кои сакаа да ги задржат приходите во долари и други странски валути, поради можни осцилации на рубљата.

Артемјев вели дека одлуката ќе ги принуди странците да купуваат рубљи, што е добро за руската валута.

Промовирани огласи »

„Цитроен Џампер“ за 1.000 евра, комбе „Рено Мастер Фургон“ за 4.600 евра, гарнитура за 1.200 евра, машина за миење чаши за 500 евра, мешалки, електрични пили, бушалки и други машини и што уште не нуди на продажба Управата за јавни приходи (УЈП) на аукција и на слободна комерцијална продажба.

Аукцијата е закажана за 27 септември.

Деталите за тоа што се продава УЈП може да видите ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »