Промовирани огласи »

Падот на потрошувачката и слабеењето на светската економија ја доведоа германската економија во застој.

Бруто домашниот производ во третиот квартал падна за 0,1 отсто во однос на претходниот, објави во петокот Федералното биро за статистика.

Минусот е забележан во третиот квартал земајќи ги предвид ценовните, сезонските и календарските ефекти. Институтот сега ги потврди своите прелиминарни проценки.

Невообичаено високата инфлација сè уште ги оптоварува потрошувачите кои можат да купат помалку за своите пари. Многумина ги намалија трошоците. Годишната инфлација во октомври изнесува 3,8 отсто, по 4,5 во септември и 6,1 во август. Цените на храната силно пораснаа и во октомври.

Во исто време, германската економија, која е нормално извозно ориентирана, го чувствува забавувањето на глобалната економија. Извозот, кој е мотор за раст на германската економија, падна во текот на летото. Извезени се вкупно 0,8 отсто помалку стоки и услуги во однос на вториот квартал.

За падот придонесоа и зголемените каматни стапки, кои ја намалуваат побарувачката, меѓу другото во градежниот сектор. Од друга страна, податоците покажуваат дека економијата добила поттик од инвестициите на автомобилската и машинската индустрија.

Централната банка на Германија, Бундесбанк, очекува дека домашната економија ќе се бори да излезе од слабата фаза во која се наоѓа откако Русија ја започна војната во Украина. Во четвртиот квартал, БДП би можел повторно малку да потоне.

Економистите и владата очекуваат дека најголемата европска економија ќе биде во рецесија цела година, пред да почне повторно да расте во 2024 година.

БДП покажува колку добро или слабо се развива економијата на една земја. Се брои се што се произведува во одреден период. Вредноста на услугите и потрошувачката на населението, како и инвестициите на компаниите - на пример во машини - исто така се вклучени во пресметката.

Најголемата ставка е приватната потрошувачка. Втората компонента е трговскиот биланс – разликата помеѓу вредноста на извозот и увозот.

И Норвешка во рецесија

И Норвешката економија се намали и во третиот квартал и влезе во рецесија, при што странската побарувачка за гас заостанува, покажаа статистичките податоци.

Норвешкиот БДП во периодот од јули до септември е намален за 0,5 отсто во однос на претходните три месеци кога забележа ист процентуален пад.

Во првите три месеци од годинава бележи раст од 0,2 отсто. Тоа би значело дека Норвешка влезе во рецесија во третиот квартал, што се дефинира како пад на активноста два квартали по ред.

Без секторот и опремата за нафта и гас, БДП во периодот од јули до септември бележи пораст од 0,1 отсто во однос на претходните три месеци, кога стагнираше. На почетокот на годината е зголемен за 0,1 отсто. Потрошувачката на домаќинствата е зголемена за 0,5 отсто, поддржана од купувањето стоки во странство и услугите поврзани со туризмот.

Државните трошоци се зголемени за 0,9 отсто, поддржани од трошоците за одбрана. Бруто инвестициите на компаниите во фиксен капитал се намалени за 2,1 отсто, што е одраз на остриот пад на трошоците за океански транспорт.

Промовирани огласи »

Во Србија просечната плата во септември изнесувала 735 евра, а половина од вработените зеле помалку од 560 евра.

Просечната нето плата во септември 2023 година била 85.066 динари (735 евра), објави Републичкиот завод за статистика (РЗС). Половина од вработените во Србија работеле за помалку од 65.727 динари (560 евра), колку што е просечната плата, јави дописникот на МИА од Белград. 

Просечната исплатена нето-плата за септември годинава во Хрватска изнесувала 1.156 евра, што е за 144 евра повисока од ланскиот септември.

foto freepik.com/Evgenymedia

Промовирани огласи »

Во целиот свет, последниот петок во ноември е познат како „црн петок“, денот кога трговците на купувачите им нудат големи попусти, поради што продавниците и трговски центри се преполни.

Она што сите ги интересира е од каде доаѓа името Black Friday? Па, тоа датира од средината на минатиот век во Соединетите Американски Држави, а интересот се зголеми пред само десетина години и кај нас. Многубројни инциденти се случија токму на овој ден, како масовни тепачки, грабежи и кражби на производи - објасни Невена Милошевиќ.

А според една од теориите за тоа како овој неформален празник го добил своето име, навивачите од Филаделфија само предизвикале хаос и немири и овој навидум неформален шопинг празник го претвориле во целосен хаос. 

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава истиот ден.

Моментално вработува:

ПИКЕРИ, СПРЕМАЧ/КИ НА СВЕЖО И МАГАЦИОНЕРИ

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Сите останати работни позиции од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО КРЕДИТИРАЊЕ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ ЗА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ НА КЛИЕНТИ
TRAINING AND PROMOTION SPECIALIST

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Сите останати работни позиции од Кромберг и Шуберт можете да ги најдете ТУКА.

Хотелот е прв од ланецот „Мериот“ на Балканот и е изграден согласно препознатливите стандарди. Воедно се стреми кон секојдневен успех и усовршување на своите услуги затоа константно е во потрага и усовршување на својот тим!

Моментално вработува:

ГОТВАЧ/КА
СПА ТЕРАПЕВТ

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРИЧАР
ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ
ДИГАЛКАР

Еурофарм е модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот.

Моментално вработува:

КНИГОВОДИТЕЛ

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАР - БИТОЛА И ПРИЛЕП
ТЕХНИЧАР ЗА КВАЛИТЕТ ВО ПРОИЗВОДСТВО
ВОДИТЕЛ НА СМЕНА ВО ПРОИЗВОДСТВО
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
МЕХАНИЧА
Р
ЕЛЕКТРИЧАР

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач во автомобилската индустрија посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

SENIOR BUYER
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »